|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мојот брачен кревет во време на корона...

Boba Uskokovic, 9.5.2020
Бракот ми трае осум години.Ако мојот брак беше дете, тоа досега ќе знаеше да оди, да трча вешто, да знае да пишува, да врзе врвки и да вози велосипед. Се прашувам, зошто тогаш се сопнуваме, паѓаме и воопшто не се разбираме?

image
/11


Во време на пандемијата од коронавирус, целиот наш живот се сведе на просторот за живеење,  кој исто така некако необјасниво се намали

Бракот ми трае осум години.

Ако мојот брак беше дете, тоа досега ќе знаеше да оди, да трча вешто, да знае да пишува, да врзе врвки и да вози велосипед.

Се прашувам, зошто тогаш се сопнуваме, паѓаме и воопшто не се разбираме?

Кога се преселив во станот на мојот сопруг пред осум години, моравме да го преместиме неговиот голем кревет, кој со моето пристигнување стана брачен, малку лево, затоа што мојот плакар требаше да се стави некаде.

Од тој момент до денес, секој пат кога маж ми легнува во кревет или станува од кревет, тој го погодува аголот на нашиот брачен кревет.

Секогаш кога ќе се удреше во тој агол, рамнотежата ќе го однесеше на другата страна, и таму ќе се удреше во држачот со огледалото  што беше малку полево од нашиот кревет. После тоа,  почнува да пцуе. Јас сум сонлива и никогаш не знам што точно кажува тој. Кого пцуе? Мене или себе. Или нашиот брак што веќе треба да е возрасно дете.

Во времето на коронавирусот, целиот наш живот се сведе на просторот за живеење, кој исто така некако необјасниво се намали.

Се чини дека координативното тело за борба против заразни болести донесе регулатива што важи и за домашниот простор.

Гласи вака: секогаш и цело време, сите четворица треба да бидеме во 5 м2 во исто време.

Значи, ако едниот родител седи на креветот, децата мора да бидат со него. Ако едниот родител е во бањата, а истите деца мора веднаш да бидат во тоалетот. Ако еден родител е гладен, децата мора да бидат гладни во тој момент.

Ако некој јаде слатки, тогаш сите јадат слатки.

Така некако.

 

Нашата соба со брачниот кревет од почетокот на приказната најмногу се намали.

Мојот сопруг се удира на аголот на нашиот кревет многу повеќе отколку порано и веќе се грижам за него, и сфаќам дека ситуацијата се влошува.

На спиење, сите одат во кревет каде што припаѓаат, но како што поминува ноќта, така и нашето семејство се шета.

Прво бебето почнува да плаче.

Ние го креваме. Јас го нишам малку, тој го ниша малку. Не го вадиме од собата, затоа што  може да се рассони.

Молчиме и си ги гледаме  издолжените лица еден на друг, затоа што никаков разговор не доаѓа во предвид. Кога сите тројца „паѓаме“ од замор, решаваме да го легнеме меѓу нас, иако сите страници за родители што ги прочитав експлицитно велат да не го правиме тоа.

 

Родителска грешка за тој ден - број дваесет и пет.

 

За среќа, тоа е крајот на денот.

Почнуваме да заспиваме, но токму во тој момент пристигнува постарата ќерка, која веќе пет ноќи не успеа да спие и сака да спие со нас.

Мажот се жали, но му објаснувам дека читам на интернет дека децата сега се под огромен силен стрес и дека треба да бидат утешени.

Објаснувам дека смислувам  разни детски игри кои никако не смеат да се повторуваат, не смееме да дозволиме на децата да им биде здодевно за да не размислуваат за овој ужасен момент за нив во кој: нема училиште, нема наставници, нема станување рано, нема четкање заби и вршење на какви било должности освен уништување на куќата и скокање по креветот, гледање на цртани филмови до бесвест ... и дека заради сето ова тој мора да има повеќе разбирање за нив од вообичаеното, бидејќи ова е „ужасно тешко“ за децата.

 

Мојот сопруг сè уште негодува, а јас го потсетувам од овој напоред карантин заборавив да разговарам со возрасни и дека утрово му кажав на мојот сосед од вториот кат:  “Сине, како си?“.

 

Потоа и давам на ќерка ми зелено светло и таа се мести меѓу тројцата нас.

 

Не се сеќавам на ништо друго.

 

Се будам после еден час.

 

Ги враќам децата на своите места.

 

Мојот сопруг станува и го погодува аголот на креветот - конечно можам да ја истегнам ногата.

 

Конечно можам да спијам мирно.

 

Ниту пешачењето не може да помине без модринки, искусните пешаци ќе ви кажат.

 

Еве, јас сум искусна.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

7 работи кои ве прават прекрасен родител
Скоро 90% од времето, мислите дека грешите и дека можете да бидете подобар родител од што сте. Но, има работи кои не ги ...
4
Типови интелигенција кај децата
Еве како да се научите да ги препознаете типовите интелигенција кај децата, за да успеете да му помогнете на своето дете...
4
Што треба да знае дете на 2-годишна возраст?
Секое дете се развива индивудуално, но постојат некои граници и нешта кои може да ни укажат на тоа дека детето има потен...
4
Морков, јајце или зрнo кафе?
Една млада жена отишла кај мајка си, за да и раскаже за својот живот, како работите станале премногу тешки за неа. Таа н...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?