vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Се подобруваат рефлексите на стапалата
Дали знаете дека на стапалата и дланките постојат точки за сите витални органи во нашето тело? Со одење по песок се стимулираат точките на притисок на долниот дел од стапалата, со што се подобруваат рефлексите но, се масираат и внатрешните органи и се подобрува протокот на витална енергија низ нив.
Здраво е и за децата
Со одење, трчање по плажа и разни други активности, се поттикнува правилен психомоторен развој, креативност, зајакнување на мускулатурата и превенција од појава на рамни стапала.
Земја
Земјата апсорбира слободни електрони преку долниот дел од стапалата. На овој начин се постигнува силно антиоксидативно дејство па може да се намали одредено воспалување во вашето тело.
Релаксација
Морскиот воздух е богат со магнезиум и овозможува релаксирање на телото, го подобрува расположението и делува антистресно (со ова се подобрува и квалитетот на спиењето), а јодот пак ја подобрува функцијата на тироидната жлезда.
Се трошат повеќе калории
Многу е потешко да се движите по песок и нерамен терен, па како резултат на тоа трошите 20 до 50% повеќе калории.
Олеснува удар на зглобовите
Песокот делува како природно перниче кое го апсорбира ударот директно од вашите стапала.
Ексфолијација и масажа
Топлиот песок овозможува природен пилинг и масажа (природна рефлексомасажа, антицелулитна масажа, микромасажа), ги отстранува мртвите клетки од кожата на стапалата и нозете, на тој начин се отвараат порите на кожата и истата се храни со минералниот состав на песокот (содржи минерали од морето и од ситните школки и алги)
Зајакнување на коските
Пешачењето по песок ги зајакнува коските на колковите, колената и долниот дел од нозете.
Тонирање на мускулите
Бидејќи е потешко да се пешачи по песок отколку по рамен пат, мускулите работат со поголем отпор, а резултатот е тонирани нозе и задник.
Се намалуваат отоците во зглобовите
Под влијание на брановите (доколку пешачите по брегот на плажата), се поттикнува лимфната дренажа во глуждовите, и нагоре по нозете (колената), со што се намалуваат отоците. Ова е исто така корисно и за оние со проширени крвни садови на нозете.
Антицелулитно дејство
Бидејќи со микромасажа со ситни фини честици се подобрува прокрвеноста на поткожното ткиво, има и антицелулитно дејство. Го намалува изгледот на “кора од портокал” на тој начин што предизвикува потење (ефект на сауна) што доведува до детоксификација и намалување на телесната тежина.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како да препознаете дека некој навистина ве сака?
Љубовта не се препознава само по убавите зборови, романтичните пораки ...
Зошто забременувањето понекогаш трае подолго?
Многу парови очекуваат бременоста да се случи веднаш штом ќе почнат да...
Дали кашлицата е болест или симптом?
Кашлицата е еден од најчестите здравствени симптоми кај децата и возра...
Тајните на нашиот код. Што се ДНК, хромозоми и гени?
Дали некогаш сте се запрашале како бебето ги наследува бојата на очите...
Дали често се лутите и навредувате?
Лутината е природна емоција што сите ја чувствуваме. Но, кога често се...