|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Зошто е добро да имате брат или сестра?

Редакција Рингераја, 16.7.2013
Децата кои имаат брат или сестра се поуспешни во социјалните контакти со врсниците
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Секое дете – единствено на светот

Тенденцијата на наталитет во светот и кај нас е многу непредвидлива, но основните принципи на родителството се непроменливи. Еден од основните принципи во семејствто (без оглед на тоа дали детето расте како единец или има браќа и сестри) е тој дека на детето мора да му се посвети неподелено внимание и време. Иако во пракса се покажува дека секое дете по првото полесно се одгледува, бидејќи го чуваат и постарите деца и родителите имаат повеќе искуство, секое дете треба да почувствува дека на родителите им е најважно, најубаво, најдрагоцено....единствено на светот.

 

Единците потешко се воспитуваат

Некогаш се мислело дека единците се себични и неспособни да изградат добри социјални односи. Третирани се како многу креативни деца бидејќи многу време поминуваат сами, па лесно создаваат свои лични светови и фантазии. Сепак не постојат никакви докази дека овие претпоставки се точни.Поединечни истражувања покажуваат дека е потешко да се воспитува едно дете, бидејќи децата кои имаат брат или сестра полесно се снајдуваат во надворешниот свет.

 

Семејство со повеќе деца

Најголема предност на децата кои имаат браќа и сестри е успешноста во социјалните контакти со врсниците, бидејќи во поголемите семејства ќе научат дека не се секогаш во право и дека не може да им бидат исполнети сите желби. Напротив, научени се да го делат со браќата и сестрите она што би го задржале само за себе.

 

Однесување на родителите

Во семејство со повеќе деца најчестата родителска грешка произлегува од тоа што родителите мислат дека децата секогаш мора меѓусебно да се поддржуваат. Меѓутоа понекогаш такви односи се остверуваат дури откако децата ќе станат возрасни. Се до тогаш е многу важно да ги научите своите деца дека меѓусебните конфликти се решаваат ненасилно со договор и самостојно, без Ваша помош.

 

 Овозможете самостојност

Доколку имате едно дете важно е да владеете со себе. Името, без оглед на фактот што имате најдобри намери, Вашето дете мора да научи самостојно да одлучува, да се бори, да се расправа и смирува. Сетете се дека една од најважните задачи на родителите е  да му овозможи на детето корени (чувство кон домот, семејството, поддршката ) и крила. За нормално растење и формирање на здрави и самостојни индивидуи неопходни се корени и крила.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Среќен ден на татковците!
Почитта кон фигурата на мајката се чини дека отсекогаш била малку поголема. На денешниот ден сепак е убаво да посведоча...
5
Што е KidzProbioTM во прав?
KidzPROBIO е уникатна формула од активни видови на Lactobacillus и Bifidobacterium,зајакнат со prebiotic. Ја подобрува...
3
Триење алкохол кај деца со температура
Во времето на бабите и дедовците, многумина верувале дека триење алкохол на дланките или стапалата на детето помага за „...
3
Витаминот C кај малите деца: Зошто е толку...
Витаминот Ц, познат и како аскорбинска киселина, е еден од најпознатите витамини кога станува збор за здравјето и имунит...
3




Анкета

Одвикнување од пелени.
пеперутка16

Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?