|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Зошто девојчињата се порано влегуваат во пубертет?

Редакција Рингераја, 2.1.2015
Акни, непријатна миризба на телото – пубертетот може да биде навистина тежок. Но работите можат да станат уште покомплицирани, кога пубертетот ќе почне на млади години, а денешните девојчиња влегуваат во пубертет многу рано
Клучни зборови:

image
/11


 

Пубертетот почнува пред првата менструација, кога ќе почне секрецијата на хормонот од хипофизата и ќе почне развојот на градите, акните на лицето и срамните влакна.

Пред неколку децении лекарите учеле дека помалку од 5% од девојчињата покажуваат знаци на пубертет, посебно развој на градите, пред осмата година. Денешните студии покажуваат дека 25% од афроамериканските девојчиња почнуваат да се развиваат во градите веќе во седмата година. Кај 15% од жолтата раса и 10% од белата раса, градите исто така се развиваат до таа година.Тој број е драматично зголемен во однос на состојбата пред дваесет години.

Кога девојчињата ќе влезат во пубертет толку рано, тоа за нив претставува непријатност. Раниот пубертет носи со себе ризици по психичкото и физичкото здравје и понекогаш трае додека девојчињата не станат возрасни жени.

Родителите можат многу да им помогнат на девојчињата да поминат низ овој тежок период и да ги спречат негативните последици од него.

 

Како да знаете дека вашето девојче порано влегло во пубертет?

Во текот на осумдесеттите и деведесеттите години на 20. век, забележано е дека голем број девојчиња доаѓаат  во клиника со гради и срамни влакна веќе во петтата година.

Универзално е прифатено дека развојот на градите почнува порано, но првата менструација не се забрзала како што се очекувало. Девојчињата денес ја добиваат шест месеци порано отколку пред 40 години, иако градите почнуваат да им растат две години порано.

 

Кои се можните причинители?

Дебелеење – Бројот на дебелите деца во пубертет се зголемил тројно во последните 30 години. Познато е дека треба да имате прилично поголема маса, за да го покренете пубертетот порано. Да речеме, балерините и гимнастичарките подоцна влегуваат во пубертет и подоцна добиваат прва менструација, бидејќи телото нема доволно извори за да ја стартува репродукцијата. Колку девојчињата се подебели – толку побрзо ќе влезат во пубертет.

 

Изложеност на хормони и хемикалии

Девојчињата кои се изложени на потенцијални хемиски влијанија уште во материцата, влегуваат во пубертет уште во осмата година. Супстанциите кои се слични на естроген, ја покренуваат реакцијата во телото.

Тие може да се најдат во антибиотиците, во пластиката, пестицидите и во други вештачки супстанции.

 

Општествен и психолошки стрес – Телото хормонски одговара на ситуациите кога е во опасност и несигурност и може да работи во синергија со двата останати фактори.

 

Што можат да направат родителите?

За да го спречат пубертетот, можат да го ограничат изложувањето на хемиски супстанции, кои можат да се најдат во храната, хигиенските средства и слично.

Родителите не треба да ја затоплуваат храната  во пластични чинии во микробранова, да ги облекуваат децата наместо да ги мачкаат со кремови со заштитен фактор и да не пушат во близина на децата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали нашите деца живеат во златен кафез?
Јас со задоволство ќе се откажам од многу нешта, но на своето дете ќе му овозможам се, да не мора пред другарите да се с...
4
Родители ВНИМАНИЕ - ТИКТОК мрежата може да...
Кој е најголемиот проблем со Тикток и што треба да направиме ние, како родители, за тоа?
4
Зoшто да ги одбегнете газираните пијалоци
Газираните пијалаци се безалкохолни пијалоци, кои вештачки се збогатени со јаглероден диоксид, кој се наоѓа под нормален...
4
Маја Аргакијева: Среќна Нова Година!
Среќна Нова 2014 година оф професионалниот фотограф Маја Аргакијева
4




Анкета

„Намаз“.
пеперутка16

Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?