Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
За причините и последиците на претераната родителска попустливост ни раскажува Душанка Косановиќ од Familylaba.
“Причините за попустливост можат да бидат различни, на пример идејата на родителите дека со поставување на јасни граници можат да го повредат детето, копирање на личниот родителски модел, недоволно енергија да влегуваат во конфликти, страв да не бидат груби кон детето и слично. Попустливите родители се често такви бидејќи не сакаат да бидат строги како што биле нивните родители, бидејќи сакаат на децата да им дадат се што самите немале, или имаат романтични идеи за родителство во кои детето е над се, па со самото тоа и господар на семејството”, нагласува Душанка Косановиќ.
Значи, поставувањето на работите така што ќе кажете – во ред, јас сакам да бидам попустлив родител – е многу поинаков став од – јас сум попустлив родител и не можам тука ништо. Тоа е важно заради причината родителите да не ги обвинуваат децата што се разгалени и што ништо не работат, по неколку години. Бидејќи возрасните имаат моќ во односот со децата, важно е да разберат дека самите избираат да бидат попустливи.
Детето секогаш соработува
Кога станува збор за влијанието на таквиот родителски стил на децата, психологот објаснува дека децата на попустливите родители често стануваат мали тирани.
“На пример, во денешно време често гледаме мајки кои работат три работи од утро до мрак и даваат се за своите деца не водејќи сметка за себе. Во домот таа мајка е сервис служба за потребите на децата и воопшто не ги познава своите граници и своите потреби.
Во таквите случаи децата можат да станат насилни кон мајката, бидејќи никогаш не почувствувале дека мајката има граници. Тоа значи дека не знаат што мајката сака, а што не сака, што одобрува а што не одобрува, бидејќи никогаш не изградила авторитет кој децата можат да го доживеат. Децата всушност не ја доживуваат како личност, туку како битие кое ги исполнува нивните желби и потреби”, истакнува психологот.
” Важно е од самиот почеток на заедничкиот живот да се биде свесен за себе, за своите потреби, граници и да се создаде слика за себе како родител. Исто така треба да се води сметка за потребите и границите на сите членови на семејството, а исто така и на децата.”
Авторитативен родител ја дава сигурноста која им треба на децата и претставува сјаен модел како да се води сметка за себе во контакт со другите, порачуваат од Familylaba.
16
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на нежната масажа кај бебињата
Нежната масажа кај бебињата е повеќе од пријатен момент за вашето бебе...
Мирисот на бебе, меморија што никогаш не бледее
Постојат спомени што ги носиме како слики, други како зборови, а некои...
Брзо темпо на живот и нередовни оброци
Современиот начин на живот често подразбира постојана брзање, многу об...
Како правилно да го четкате првото забче кај бебето?
Појавата на првото забче е важен момент, но истовремено и почеток на р...
Хипертиреозата, односно зголемената активност на штитната жлезда, е со...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?