|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Родителство без викање – дали е можно?

Редакција Рингераја, 25.10.2012
Како што децата растат, така родителите ги откриват можностите на своите гласни жици, се додека еден ден не се запрашаат зошто толку се дерат и дали е можно детето да ги послуша без да го повишат тонот

image
/11


 

 

Родителот кој вика не изгледа добро и не се чувствува добро. Дали е можно да се промени ваквата навика?

Дерењето и викањето стануваат многу чести од различни причини, а пред се од фрустрации и недоволна контрола на бесот. Иако никој не сака да вика на своето дете, во одредени ситуации дерењето е единствено решение, пред се затоа што родителите се убедени дека е побезболно од удирањето. Меѓутоа стручњаците ги изедначуваат овие методи на воспитување и го свртуваат вниманието на тоа дека во двата случаи се работи за проблеми со комуникацијата. Како што удирањето нема да го научи детето да биде добро, ни викањето нема да помогне во воспитувањето. Напротив, може да има сосема спротивен ефект и да биде пример за децата дека со лутина и викање се решаваат конфликтите и дека тоа е единствен начин за изразување на негативните емоции.

Сигурно може да се препознаете во некои од типичните ситуации во кои родителите вриштат:

 

Детски расправии

Дали може нешто повеќе да ги излуди родителите отколку бесмислена расправија на децата? И како тоа да не е доволно, па на него се н адоврзува бесмисленото викање на мама. Која е целта?  Сите да вриштиме заедно?

 

Неред кој прераснал во хаос

Како ќе реагира една мајка откако го поминала цел ден во чистење и потоа видела како сето тоа е затрупано со играчки. Веројатно во овие ситуации моќта на гласните жици е на максимум.

 

Нешто не оди по планот

Замислете дека сте испланирале убава вечера, но детето не сака ни да го вкуси она што сте го подготвиле. Дали би се развикале?

И секако уште многу што. Толку многу што се поставува прашањето  дали е можно да се избегнат вакви реакции и како?

 

Што наместо дерење?

 Ако мислите дека премногу викање не води никаде веројатно сте во право. Имено ако претерате и се дерете  за секој најмал прекршок децата нема да Ве сфатат сериозно  туку ќе станат имуни на Вашето викање. А Вие ќе забележите дека зборувате се погласно и погласно. Ако сметате дека сте ја стекнале оваа навика, пред да се издерете следниот пат добро размислете  и кога не е неопходно да викате само малку оддалечете се и вратете се откако ќе бидете подготвени смирено да разговарате со детето.

Во принцип ако целта е дисциплинирање на детето, најдобро е да разговарате со него и тоа со цврст низок тон. Притоа е важно да се концентрирате на неговото однесување, односно постапка, а не на него како личност.

 

Кога викањето е оправдано?

Во некои моменти викањето може да биде единствена реакција. Некои од типичните ситуации на подигнување на тонот  се пред се оние во кои е загрозена безбедноста на детето (истрчување на улица, наведнување преку прозорец, приближување до шпоретот и сл.)  Викањето овде е сосема нормално, дури и нужно. Целта на дерењето во в аквите моменти е привлекување на вниманието на детето, за да спречите тоа да се повреди на било каков начин. Детето тогаш  сигурно ќе се вознемири, но таа реакција е само одговор на стравот од Вашиот глас, што не значи дека сте биле премногу строги. По тоа задолжително прегрнете го детето и објаснете му дека многу сте се исплашиле. Казни не се потребни, бидејќи самата ситуација е доволна лекција.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Тивка закана: телевизорот и детската тежина
Истражувањата сe почесто покажуваат дека присуството на телевизор во детската соба е поврзано со зголемен ризик од дебел...
4
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
4
Топ 12 родителски трендови во 2022
Како што расте бројот на новата генерација родители, почнуваат да се појавуваат и нови и уникатни трендови во родителств...
3
Како дојдов на овој свет?!
Оваа книга ја сакаат и мама и тато и бато и дада и баба и дедо. Оваа книга ја напишавме бидејќи мислевме дека сакаш да д...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?