|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто децата седат, молчат и се плашат од топка?

Редакција Рингераја, 27.4.2017
Др. Ранко Рајовиќ предупредува
Клучни зборови:

image
/11


 

„Не се чудете зошто денес голем број од децата имаат проблеми во развојот. Не е важна само моториката, важни се и мисловните процеси“ – советува лекарот.

Зошто е важна динамичката акомодација и зошто денес се почесто доаѓа до пореметувања во развојот на децата, објаснува признатиот доктор Ранко Рајовиќ, (пренесува Yumama.com).

„Најголемиот дел од мозокот за развој опфаќа ротација, рамнотежа, развој на стопалата, динамичка акомодација на очите, добра моторика и говор бидејќи во тој дел од мозокот се наоѓаат најголемиот број синапси. Другиот дел од мозокот за развој им припаѓа на мисловните процеси, мисловната класификација, мисловното сортирање и асоцијација.

Денешните деца немаат ни 15 минути време за игри на ротација, рамнотежа (да балансираат на едната нога, на двете, да пазат да не паднат) не се движат по 5 километри на ден, не вежбаат динамичка акомодација односно не следат некаков предмет/објект кој брзо ги одминува и доаѓа накај нив. Не прават ништо од тоа што е клучно за нивниот развој.

Денешните деца не знаат ниту да фатат топка. Кога ќе им ја фрлите топката 50 % од децата не можат да ја фатат со две раце, некои деца и се плашат од топката.

Некогаш динамичката акомодација се развиваше трчајќи од утро до мрак, преку камења и ганки и потоци, а денес каде трчаат децата? -Никаде. Во градот нема препреки. Детето родено во град е веќе оштетено бидејќи нема каде да ја развие динамичката акомодација.

Но, зошто всушност е важна динамичката акомодација? Ако не е добро развиена, детето во училиште ќе има дисклексија. Тоа е проблем. Бидејќи секој дел од мозокот кој не сме го развиле како што треба доведува до дисфункција и детето не умее да поврзува некои работи.

Значи, динамичката акомодација не се развива затоа што детето не трча и нема препреки. Единствена шанса му е топката, мојот совет е уште од денес топката да биде главен реквизит. И кога станува збор за добра моторика важно е да се напомене дека 50% од децата кои живеат на територијата на бивша Југославија немаат развиено добра моторика. Скоро 60% од децата не можат да го подигнат четвртиот и петиот прст од цврста подлога, ги подигаат истовремено. А зошто не ги користат четвртиот и петиот прст?- Па затоа што од сите игри кои ги играат денес тие ги користат само палецот и третиот прст.

Тоа не е добра моторика- добрата моторика подразбира користење на сите 10 прсти. На ова родителите ми велат „имаме лего коцки“ , да, но тоа е користење на само три прсти или „имаме боцкалики“ , но и тоа е користење на три прсти, па дури и само два. Значи, повторно не се користат четвртиот и петиот прст.

Што се однесува до развој на говорот, јас не знам колку тие зборуваат. Денес дете од 6 години кое оди во училиште и не зборува многу, а кога ќе се врати дома го чекаат телевизорот или компјутерот. Тоа практично не ни говори, а за дете од 6 години многу е важно да зборува и до 10 саати дневно, секој ден. Како мозокот да му прави мозочни синапси ако тоа постојано ќути? Загарантирано е пореметувањето и ако детето јаде само мека храна.

Дали детето денес игра игри за развивање на мисловните класификации (на пр. „На буква, на буква“ или „Каладонт“ за поголеми деца). Децата денес не играат игри кои потикнуваат мисловни сортирања. Најчеста игра се асоцијациите бидејќи доминантна активност е гледањето телевизија. А дали детето гледајќи ТВ, вежба ротација и рамнотежа, дали ги развива стопалата?

Во секојдневието на децата нема вежби за рамнотежа, за ротација, за акомодација, нема добро развена моторика, всушност не прават ништо. А како се развива мозокот ?- Во движење! Секое движење е важно вклучувајќи го и движењето на малиот прст. А кога би се вратиле 20-30 години наназад, доминантна игра за девојчиња беше ластик, а за машките – кликери. Ако земеме во предвид дека овие игри се играле во просек три часа, значи дека тие три часа мозокот работел без престан вклучувајќи ги мисловните и моторните функции бидејќи секој чекор однапред мора да го процесира.

Не се чудете зошто денес се почести се пореметувањата во развојот на децата. Не е важна само моториката, подеднакво важно е и да се вклчат и мисловните процеси“, заклучува Д-р Рајовиќ.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
5
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
5
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Фото: Најдобрите татковци на сите времиња
Прекрасните татковци можеби се ретки, но навистина постојат! Сакате доказ? Во прилог се 20 фотографии од најдобрите татк...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?