|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Знаеш дека си среќен родител ако ...

Редакција Рингераја, 22.8.2014
Среќата за родителите доаѓа во различни видови и форми

image
/11


 

Истражувачкиот труд од Психолошкиот билтен покажа дека родителите во денешно време се повеќе се под стрес и се незадоволни заради финансиски проблеми, недостаток на сон или проблеми во бракот.

Истото истражување открива дека постојат повеќе начини родителите да бидат среќни и покрај бурата во која живеат. Без разлика на тоа колку вознемирувачки моменти има, среќата е можна за помладите, а исто и за постарите родители.

 

Па, како да знаете дека сте среќен родител? Ќе знаете, ако...

...сте на вистинска возраст

Возраста на родителите има голема врска со тоа колку среќно се чувствуваат, според  University of California Berkeley. Родителите на возраст од 25 години и помлади, се под поголем стрес, додека ги одгледуваат децата, додека постарите родители се посмирени.

Постарите родители известуваат дека се чувствуваат повеќе зрели, компетентни и помалку под стрес, додека помладите родители пријавиле повеќе чувство на немир, изолација, и стрес за финансии", пишува Емили Науман за Беркли.

 

...имате семејна вечера

Истражувањата покажуваат дека семејната вечера може да им даде поттик на децата во животот. Децата кои имаат семејна вечера со семејството имаат тенденција на водат поздрав начин на живот и се подобро прилагодени кон светот.

"Ние градиме благодарност, добри семејни односи, спомени, и историја заедно - секоја ноќ - околу нашите победи,  успесите на работните места, добрите оценки од училишните проекти, а сето тоа го издржува и носи, прекрасната стара маса", пишува Кејти Бел од Форбс.

 

...играте семејна игра

Три студии откриле дека родителите имаат големо влијание врз академскиот успех на нивните деца, што за возврат ги прави родителите среќни. Исто така, среќата на родителите се зголемува, кога ќе го видат детето да успее. Семејните игри навечер можат да помогнат во тоа, бидејќи на тој начин се развиваат вештините и се гради самодоверба кај децата.

 

...користите годишен одмор

The Modern Family Index, истражувачка студија нарачана од Bright Horizons Family Solutions, откри дека родителите кои работат се под поголем стрес. Тоа е затоа што многу од нив се плашат да не ја изгубат работата и со тоа да му наштетат на буџетот на семејството.

Членовите на семејството, исто така не одат на одмор, заради нивните родители. Има толку многу бенефиции од одењето на одмор, па можеби е време родителите да се одлучат да отсуствуваат од работа.

 

...изберете да бидете среќни

За некои родители изборот да бидат среќни е вистинскиот пат. Можеби родителите се исплашени од сите обврски кои ги носи родителството, но ако изберат да бидат среќни луѓе и да ги подигнуваат своите деца без страв, целата нивна перспектива ќе се промени.

Имаме повеќе контрола врз среќата, отколку што можеме да замислиме.

 

...бидете реални

Еден од проблемите на родителите е што мислат дека ако имаат деца автоматски ќе бидат посреќни. Но, родителите треба да запомнат дека со тоа што имаат деца нема да бидат посреќни, туку ќе ја пронајдат смислата на животот.

 

...ја видите насмевката на бебето

Не се шегуваме. Ако родителите видат насмевка  на лицата на своите деца, имаат тенденција да бидат среќни.

Кога мајките ќе ги видат децата да се смеат, им се активираат центрите во мозокот задолжени да ги прават среќни.  Тоа е како природен стимуланс, кој ги тера родителите да се грижат за децата и да формираат со нив нераскинлива врска.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крварење од носот кај деца
Кога носето ќе прокрвари, се плашат и родителите и децата. Но дали стравот е оправдан?
4
Велигденска плетенка за празничната трпеза
Плетенката е значаен дел од празничната трпеза, подготвена е од млечно тесто, кое мора да биде цврсто за да правилно и л...
4
Календар на детски развој
Ново на Рингераја !
3
Имате немирно дете? Вие сте среќен родител!
Со вакви деца не е лесно, но треба да ве теши фактот дека ќе израснат во успешни и способни луѓе
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?