Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Како да им помогнете на децата да се чувствуваат сигурно, сакано и вредно?
- Одделете секојдневно барем 15-20 минути кои ќе ги поминете со детето без да гледате телевизија, да зборувате на телефон или да имате гости. Поминете го ова време исклучиво со детето. Кажете му дека многу го сакате.
- Детето треба да знае дека може да се потпре на Вас. Тоа не значи дека никогаш нема да се уморите, или налутите. Но детето треба да знае дека го сакате и кога сте лути.
- Заштитете го детето од насилство. Домот мора да биде сигурно место за сите членови на семејството.
_ Пофалете го неговиот успех. Почитувајте ги и пофалете ги неговите таленти. Откријте во што е добро детето, поттикнете го и помогнете му да го развива својот талент.. Покажете интерес и внимание.
- Научете го како да поднесува неуспех. Никој не може секој пат да биде успешен. Децата мора да знаат дека неуспесите се нешто што треба да се очекува. Напротив, тие можат да бидат предизвик кој ќе го извлече најдоброто од детето.
- Помогнете му на детето да размислува самостојно и да ги решава своите проблеми. Бидете му на располагање за разговор за неговите грижи и чувства.
- Почитувајте ги детските размислувања и чувства. Децата заслужуваат внимание и почит исто како и возрасните.
- Внимателно бирајте ги зборовите. Прекинете ја лошата навика да го навредувате детето. Зборовите можат да болат и повеќе од ударот, но можат и најмногу да помогнат.
Зборови кои никогаш не би смееле да ги изговорите:
- грозна си
- само будала може да те сака
- ми се гадиш
- колку си неспретна
- подобро ќе беше да не се родеше
- да не беше ти, татко ти и јас ќе се разведевме
- заради тебе мама и тато не се разведоа, а ти си толку неблагодарна
Зборови кои му помагаат на детето:
- горд/а сум на тебе
- ти го можеш тоа
- супер го направи тоа
- убава си
- ти честитам, го заслужи тоа
- без тебе не ќе можев
- имаш смисла за хумор
- те сакам
- ти верувам
- верувам во тебе
- ме интересира како се чувствуваш
- разбирам зошто се чувствуваш така
Иако навредата може да биде непромислена и изговорена во лутина, мораме да знаеме дека зборовите на родителите се вкоренуваат длабоко и засекогаш можат да живеат во детското срце. Изберете зборови кои помагаат, а не зборови кои повредуваат. Тоа ќе им помогне на Вашите деца да се чувствуваат сигурни, сакани и вредни, а како возрасни да станат среќни, емоционално зрели, стабилни и одговорни личности.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...