vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили, т.е. мали сипадници на територија на градот Скопје поради 12 нови случаи на заболени. Министерот Венко Филипче информира дека шест од новите случаи се потврдени со соодветни анализи, а за останатите 6 анализите се очекуваат утре.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека е донесена привремена мерка – забрана за носење во градинка на деца кои не примиле МРП вакцина (за морбили, рубеола и паротитис).
-Меѓу новите случаи повеќето се деца, но има и возрасни, а сите нови случаи се невакцинирани лица со МРП вакцината. Прогласена е епидемија на мали сипаници во Скопје и принудени сме од утре да донесеме привремена мерка – забрана за носење на деца кои не се вакцинирани во градинките – рече Филипче.
Тој рече дека здравствените власти ја држат ситуацијата со малите сипаници под контрола и дека се прават увиди на сите пунктови за вакцинирање.
-Од 15.000 невакцинирани деца под 14 годишна возраст со повиците за вакцинирање, само 310 се вакцинираа што е исклучително мала бројка – рече Филипче.
Министерот за здравство потенцира дека во Србија и Романија има епидемија на морбили и рече дека станува збор за исклучително опасна и смртоносна болест. Додаде дека во Србија починале 30 лица, а во Романија – 50.
5
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Обезбедете си безбедна бременост
Бременоста е едно од најубавите, но и најодговорните животни искуства....
Како да го користите циклусот во ваша корист?
Менструалниот циклус не е важен само за репродуктивното здравје. Тој в...
Врската со бебето започнува уште во бременоста
Врската меѓу мајката, таткото и бебето не започнува со породувањето. Т...
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Кои масла се користат за подобрување на плодноста?
Кога паровите планираат бременост, често бараат природни начини за под...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?