Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Повеќето родители, ако одвојат малку време за себе, се чувствуваат виновни што го направиле тоа. Tие прават голема грешка бидејќи се откажуваат од своите потреби за да ги задоволат своите деца. Доколку живеете само за своите деца или преку нивниот живот го живеете својот, а при тоа ги игнорирате своите потреби, ги учите да ја жртвуваат својата личност само за да направат некого среќен. Ваквиот начин на воспитување и комуникација се смета за неправилен. Децата ќе пораснат и ќе тргнат по своите патишта, а вие не очекувајте дека ќе ви искажат благодарност само затоа што сте ги жртвувале својот живот, кариера... Ако научите да одвојувате време за да го “нахраните” своето срце и душа и вашите деца ќе научат да го прават тоа. Живејте го животот - тоа ќе биде одличен пример за вашите деца да тргнат по вашите стапки и да станат еден ден успешни.
Децата од своите родители најмногу сакаат да почувствуваат дека се сакани и вредни, дека сте горди на нив и ги прифаќате такви какви што се, и дека поради нив вашиот живот е поинаков. Ова му е потребно на секое дете за да може да го развие самопочитувањето и љубовта кон самотот себе. На вашите деца им е потребна вашата љубов, а не скапи играчки, кои обично им ги подарувате. Вашите деца копнеат за да имаат близина и комуникација со вас. Потребно им е вашето време и внимание, бидејќи кога на детето му се обрнува внимание, тоа се чувствува важно. Сепак, тоа не значи да оставите се на страна и да се посветите 24 часа само на детето. И нему му е потребен простор само за себе.
Децата единствено сакаат да поминат вистински моменти кога сте заедно, кога ги гледате, прифаќате и сакате. И тоа е се што тие бараат од вас. Престанете да се грижите со тоа што ќе станат вашите деца еден ден. Ваше е да ги направите среќни. Но никогаш не се обидувајте да ги потиснете емоциите на вашите деца. Доколку сакаат да плачат, нека се исплачат. Доколку се смеат, придружете им се во забавата. Кога се лутат, оставете ги нека им помине. Дозволете им да ги почувствуваат сопствените емоции. Покажете им дека ги разбирате и дека сте тука за нив доколку им треба вашата помош. Многу е подобро да ги оставите сами да ги решаваат проблемите, иако нивната болка Вас повеќе ве погодува.
Седнете со вашето дете и “погледнете” длабоко во неговото срце. Внимателно слушнете што тоа ви говори. Откријте го неговиот дух!
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Што би сакал/а да знаев пред да станам родител?
Родителството често изгледа како нешто што инстинктивно ќе се случи, н...
Како да изберете совршена количка за бебе?
Изборот на количка за бебе е една од најважните одлуки за новите родит...
Промените на телото во текот на бременоста се природен и неопходен дел...
Разликата меѓу симптоми на бременост и симптоми на ПМС
Разликата меѓу симптомите на бременост и ПМС (предменструален синдром)...
Како да го засакаме своето тело такво какво што е?
Да го сакаш своето тело не значи дека секогаш ќе ти се допаѓа како изг...