Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Замислете само што ќе биде ако мајките ги немаа овие таленти:
Да откриваат се
Мајките имаат способност да откриваат секакви предмети скриени на повеќето неочекувани места. Дали е маичка, која не е носена од 8 месеци или играчка која се расклопува на делови и секој дел се наоѓа на различно место во куќата, мама е таа која ќе открие сè и тоа за најкратко време.
Да запамети датуми
Мајките имаат вграден неверојатно точен и целосен календар кој ја надминува секоја апликација и аларм за потсетување, што може да го симнете смартфонот.
Тие го следат секој закажан термин кај матичниот лекар, секоја родителска средба, тренинг, претстава и роденден. Ги знаат роденденските датуми на секој член од фамилијата до далечните роднини и никогаш не забораваат годишнини.
База на податоци за информации во бројки
Освен дека паметат датуми, мајките се детален извор на информации во бројки. Тие го паметат точниот час на раѓање на своето дете, килограмите и височина, телефонскиот број на педијатарот, работното време на аптеки и продавници и уште еден куп други работи. Иако понекогаш ги мешаат имињата на своите деца, мајки секогаш го знаат точниот број на чевлите и големината на нивната облека во конкретниот момент.
Да запамети параметри на вкус
Едното дете јаде само бело месо и сака во десертот да има ореви, другото преферира крилца и не поднесува ореви. Мајките се оние кои се сеќаваат на параметрите за исхрана на своите деца до најмала подробност - предизвик кој сепак тие секогаш го поминуваат.
Покрај тоа мајките имаат талент да подготват вечера од никаде. Дури и кога не купиле ништо, тие успеваат да зготват со она што им се наоѓа, дури и ако тоа се само еден домат, јајце и парче стар леб.
Мултитаскинг
Мајките умеат да жонглираат помеѓу куп задачи и го поставуваат мултитаскингот на сосема ново ниво.
Кој друг може да готви со дете во раце додека и помага по телефон на пријателка која е во криза?
Да е подготвена во движење
Секоја мајка е движечка стоковна куќа. Во нејзината торба или автомобил можат да бидат откриени секакви нешта - од ханзапласт и спајалици до шрафцигер и средство за дамки.
Секогаш да знае кога нешто не е во ред
Мајките имаат радар, кој со апсолутна точност може да ги утврди и најмалите промени во однесувањето на детето и да процени дали е навистина болно или се преправа, само по интонацијата на неговиот глас. Кога детето ќе се врати од училиште, веднаш можат да кажат каков ден имало само по начинот на кој ја затвора вратата. И никој не може да процени дали настанал проблем така, како што тоа го прави мама.
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Што би сакал/а да знаев пред да станам родител?
Родителството често изгледа како нешто што инстинктивно ќе се случи, н...
Како да изберете совршена количка за бебе?
Изборот на количка за бебе е една од најважните одлуки за новите родит...
Промените на телото во текот на бременоста се природен и неопходен дел...
Разликата меѓу симптоми на бременост и симптоми на ПМС
Разликата меѓу симптомите на бременост и ПМС (предменструален синдром)...
Како да го засакаме своето тело такво какво што е?
Да го сакаш своето тело не значи дека секогаш ќе ти се допаѓа како изг...