Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Кои брачни проблеми најчесто доведуваат до развод?
Статистиката вели дека секој петти брак во Македонија завршува со развод, а во 85 % од случаите причина се лошите финансии. Проблемите што индиректно ги влошуваат партнерските односи се : неверство, алкохолизам, насилство, мешање на родителите во бракот, недоверба, инертност, нарушена комуникација и лош сексуален живот на партнерите. Секој проблем почнува со неостварена комуникација, а со самото тоа напредокот во некомуницирањето доведува кон продлабочување на проблемот. Комуникацијата со партнерот значи успешен брак.
Кои пристапи често се користат во решавање на проблемите, а не се функционални?
Самото одложување и криење на проблемот “под ќилим“ претставува нефункционално решавање на проблемот. Секое настојување за соочување со ситуацијата е подобро од нејзино негирање. Во секој случај, не смеете да се откажете. Неопходно е да поработите на подобрување на комуникацијата, бидејќи “ воспоставениот контакт“ е веќе почеток за решавање на проблемот. Комуникативноста е вештина и треба да се усовршува.
Кои особини на партнерот можат да се сметаат навистина некомплементарни, па тешко може да се очекува хармонија?
Брачниот проблем е нерешлив ако едниот или двајцата партнери се тврдоглави, безкомпромисни, нетолерантни, безкрупулозни и инертни. Секој брак зависи од менталниот и од емотивниот состав на мажот и на жената. Кога комуникацијата ќе стане толку лоша и ќе премине во нетрпение, тогаш е можно хармонијата да е невозможна. Во секој конфликт треба да се тргне од фактот дека никој не е совршен и дека за стабилен брак се потребни многу труд и толеранција. Но среќата некогаш може да ни го заврти грбот, па секој труд е залуден.
Кои женски “специфичности“ мажите не ги гледаат, а кои машки особини жените не ги земаат предвид?
Бидејќи работите се уште се поделени на “машки“ и на “женски“, се што прават жените, мажите не го земаат здраво за готово. Освен тоа, често забораваат да го пофалат женскиот труд и изглед. Од друга страна, жените забораваат дека мажите се големи деца, на кои е потребно да им се зададат мали домашни задачи за да се почувствуваат важни, а треба и да им дозволат да си “играат“ со далечинскиот управувач.
Младите двојки од кои очекувања треба да се откажат за да може нивниот став кон бракот да се смета за реален?
Младите двојки често имаат илузии за совршен брак. Наметнатата идеализација поставува недостапни стандарди, кои практично се невозможни. За идеален брак се потребни совршен маж и совршена жена. Но бидејќи не постои човек без маани, бракот без проблеми е речиси невозможен. Иако сите настојуваме да се доближиме до некој поставен идеал, треба да сме свесни дека и нашиот партнер тежнее кон некој негов идеал. Ако сопружниците успеат да се најдат на половина пат, тоа е многу поголем успех, отколку само едниот да ја оствари целта.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?