|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Дали вашето дете се чувствува нервозно кога треба да го напушти домот и да оди некаде без вас? Дали нервозата му предизвикува проблеми со спиењето или други психички тешкотии?
Клучни зборови:

image
/11


Ако е тоа така, научете нешто повеќе за стравот од одвојување.

 Стравот од одвојување или сепарационите стравови најчесто се јавуваат во детската возраст и во адолесцентниот период од животот.

 Кога вашето дете е мало тогаш стравот е нормален. Страв од одвојување како нарушување е можен кај деца помлади од шест години. Но, сепак најчесто се јавува кај постарите деца.

 Се карактеризира со следниве знаци. Постојана нервоза или вознемиреност во врска со излегувањето од домот, да се биде оддалечен од родителот и/или при помисла на оваа оддалеченост. Детето постојано е загрижено и стравува од загуба на родителот или страв дека тој ќе биде повреден. Манифестира страв дека ненадејно и насилно ќе биде одделен од родителот/старателот, како на пример дека ќе биде киднапиран. Има отпор да оди на училиште или да го напушти домот.

 Се плаши да биде само дома или во друга средина без родител или возрасен човек. Одбива да спие без присутен родител/лице што се грижи и вознемиреност при спиење надвор од дома. Постојано има кошмари во врска со одвојување или слични вознемирености. Има физички симптоми кога постои можност за сепарација, вклучувајќи вртоглавици, главоболки, гадење, срцебиење.

 Се проценува дека околу 4 % од децата и адолесцентите имаат страв од одвојување. Се смета дека е поголем бројот на девојчиња што страдаат од ова нарушување. Децата и адолесцентите што живеат во опасни соседства може погрешно да бидат дијагностицирани со таа дијагноза. Иако точната причина за страв од одвојување не е позната, постојат извесни ризик-фактори и тие го вклучуваат следното: смрт или болест во семејството, преселба во друг дом, траума (вклучувајќи и физички или сексуален напад).

 Успехот во третманот кај ова нарушување е голем, но сепак тоа може да се јавува и да се повлекува, а на моменти да биде и мошне интензивно. Нарушувањето може да доведе до панични напади со страв од отворен простор кога детето ќе порасне. Ако некоја личност продолжи да има страв од одвојување како возрасна тој/таа може да има тешкотии при селење, склучување брак и подоцна при оддалеченост од сопругот/сопругата или децата.

 Како и кај сите други неврози, рана интервенција значи и поуспешно закрепнување.

 Како терапија може да се применат психотераписки техники. Во терапијата се вклучуваат вежби за да му се помогне на детето да се соочи со вознемиреноста. За време на психотераписките сеанси се разговара за потиснатите стравови и грижи.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Стандарди за рано учење и развој
Здравјето и добросостојбата на децата се клучни фактори во процесот на растењето и развојот, којшто се одвива во текот н...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“: Самохран...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 10.03.2013 во 10.20 ...
3
Третата година на детето е полоша од втората?
Пред да помислите дека станува збор за некакво сериозно научно истражување, веднаш да ви напоменеме дека не е така. Напр...
3
10 клучни особини на добрите родители
Многу од проблемите со кои се соочуваме денес, се резултат на одредени пропусти во нашето воспитување, а тие пак настана...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali vaset_o dete odi na karate?

Da (0%)

Ne (100%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!