vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Видете ги советите на една дама, која веќе е разведена, но ја научила својата лекција.
1. Секогаш наоѓајте го доброто кај него. Не се фокусирајте на она што не ви се допаѓа.
2. Имајте секс со него. Често. Ако треба и постојано. Сексот е лек за многу од раните што ги добиваме за време на бракот.
3. Барајте совети од постари и помудри жени кои успеале да го зачуваат бракот. Невозможно е да се донесат правилни одлуки, кога сте под влијание на силни емоции. Да се посоветувате со постари жени е подобрата опција за вас.
4. Не е ваша работа да го поправате или менувате. Животот е само едно патување.
5. Кажете му колку е голем, силен, паметен и храбар. Понекогаш мажите забораваат.
6. Забавувајте се на неговите шеги. Дури и да не се смешни.
7. Ние одговараме за нашите реакции, а не некој друг. Треба да преземеме целосна одговорност за нашите емоции и за начинот на кој се однесуваме. Тој, исто така.
8. Направете му го оној неверојатен сендвич.
9. Заборавете да го испрашувате кога ќе се повлече во себе. Оставете го да се одмори.
10. Сакајте го на начин на кој тој има потреба, а не на оној на кој вие мислите дека тој има потреба. Разберете каков јазик на љубовта зборува и бидете подготвена да го љубите на начинот на кој тој се разбира најдобро.
11. Секогаш изгледајте добро. Колку поженствена сте, толку поголем маж ќе се чувствува тој.
12. Бидете до него. Дајте му време и внимание кои му се потребни.
13. Никогаш не зборувајте пред него за други мажи, па дури и да се имагинарни ликови во филм.
14. Никогаш не читајте совети од непознати на интернет. Тие не ве познаваат и без да сакате ќе ве натераат да одите во правец кој нема да влијае добро на бракот.
15. Дајте му простор. Тој има потреба од време за да го открие своето ново "јас" (ние се менуваме непрестано).
16. Бидете ранлива. Не плашете се да ги споделите вашите чувства и стравови. Мажите на некој начин разбираат кога криеме нешто од нив. Кога сте згрешиле, признајте ја грешката и извинете се.
17. Оставете мажот ви да ве сака на свој начин. Не споредувајте го начинот на кој тој ја изразува својата љубов со оној од вашите фантазии. Ако го споредувате постојано со некаков идеал, може да ги пропуштите најубавите моменти од неговата нежност.
18. Никогаш, никогаш, никогаш не понижувајте го сопругот пред други луѓе! Тој има потреба да знае дека има некој на кој може да се потпре. Ако сакате да поразговарате со него нешто што кажал или направил, направете го тоа насамо.
19. Измислете заедно заедничко хоби, цели и соништа. Никогаш не престанувајте да растете заедно. Смејте се многу. Вљубувајте се еден во друг повторно и повторно.
20. Не дозволувајте финансиските проблеми да станат пречка меѓу вас.
21. Прифатете го неговото минато. Тоа го направило таков каков што е. Разговарајте за него.
22. Простувајте. Не станувајте заложник на минатото.
23. Никогаш не престанувајте да се допирате. Понекогаш допирот кажува повеќе од зборовите.
24. Секогаш избирајте ја љубовта. Таа не е емоција, туку акција. Не ја пропуштајте.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Може ли храната да ја ублажи непријатноста во градите?
Чувствителните, болни или напнати гради се еден од најраните и најчест...
Што да јадете кога ви е постојано лошо во бременоста?
Мачнината е еден од најчестите симптоми во првиот триместар од бремено...
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Како да знам дека дошло до оплодување?
Многу жени кои се обидуваат да забременат со нетрпение ги очекуваат пр...
Како да го контролирате апетитот за време на терапија?
Одредени терапии можат да влијаат врз апетитот, предизвикувајќи зголем...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?