Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Зимата е сезона во која мора да мислиме на нашата коса малку повеќе отколку во другите сезони. Ова не значи занемарување на грижата за косата во другите месеци, но во студените месеци кога временските услови се особено агресивни, добро е да обрнеме посебно внимание на работите што не треба да правиме со косата за да биде здрава.
Премногу топлина
Во зимската сезона ја пропуштаме летната топлина. Ние вештачки ги загреваме просториите каде што работиме, нашиот дом, нашиот автомобил. Сето ова ја исцрпува косата и ја влече влагата од неа. Дехидрираната коса станува лесно подложна на оштетување, згора на тоа ако користите и фен, преса за коса, фигаро, дополнително ја оштетувате косата.
Не и давате време за одмор
Ако ја третирате косата секој ден со различни производи или уреди за виткање и зацврстување, тоа ја прави слаба и исцрпена. Затоа обидете се секоја недела да и дадете време за одмор за да ги активирате механизмите за опоравување. Ако сте на одмор, сторете го истото. Оставете ја косата нека се исуши природно.
Не излегувајте со влажна коса
Дали и вие немате време да ја исушите вашата коса целосно? Па излегувате со малку влажна коса, мислејќи дека тоа не е голем проблем. Но е. И малата влага оставена во косата е проблем, бидејќи во студените утра тоа предизвикува оштетување на коренот со замрзнување.
Не мијте ја косата премногу често
Разбирливо е дека повеќето жени претпочитаат да ја мијат косата, особено поради носењето на шапка во зима, што уште повеќе ја мрси и ја сплескува косата. Честото миење, сепак, е штетно за време на студените месеци, бидејќи ја исцрпува косата, го дехидрира скалпот и ја прави косата склона кон паѓање и цветање.
Не користете погрешни додатоци
Капи, шалови и шешири може да влијаат на вашата коса повеќе отколку што мислите. Всушност, тие ја апсорбираат неопходната влажност од косата, оставајќи ја сува, исцрпена и притисната во корените. За да се избегне ова, одберете додатоци кои не се премногу тесни.
Не користете производи што ги користите во текот на летото
Целогодишната употреба на истите производи за коса е погрешна, бидејќи тие се соодветни под одредени услови. Внимателно изберете производи кои се специјално дизајнирани не само за сезоната, туку и според потребите на вашата коса. На пример, прекумерната хидратација ја замрсува косата, но недостатокот на влага ја прави сува и кршлива.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...
Сексуалниот живот е дел од интимноста и блискоста во врската. ...
HPV вирус - информирај се, заштити се, лекувај се
HPV (хуман папилома вирус) се најчестите вирусни инфекции на репродукт...