vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Црна
Секогаш во тренд и употреблива, црната боја е елегантна и софистицирана и можете да ја носите цела година. За летните ноќи комбинирајте црна облека со златни додатоци. Ќе изгледате предизвикувачки ако фустанот или блузата имаат чипкасти детали.
Корална
За стилска разиграност на летната гардероба, задолжени се сите нијанси на корална боја. Облеката зачинете ја со летни чевли на висока потпетица во корална боја, парче накит, кармин на усните или лак за нокти со корална боја.

Денвер плава
Само напред, бидете бестрашни, плавата боја постои за да бидете забележани. И најобичната блуза ќе ја освежите ако додадете плава торба, плав накит или плава сенка за очи.

Розева
Заводлива, женствена и фантастична, розевата боја е идеална за да ја потполните комбинацијата. Летниот фустан искомбинирајте го со розеви чевли или кармин за усни во розева боја.

Тиркизна
Истакнете ја својата единственост со нијанси на тиркизна боја, идеална за топлите летни денови. Нагласете го изгледот со тиркизна торбица или лак за нокти.
Сребрена
Металик бојата е must-have оваа сезона, а сребрените детали се неизбежен летен тренд. Потполнете го изгледот со сребрен ремен, ланче или обетки.
Бела
Со белата боја не можете да погрешите без оглед на тоа што сте одбрале. Блуза, шешир, наочари со бели рамки, фустан, јакна или лак за нокти...се што ќе одберете е идеално за вашиот летен стил.

6
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како расте бебето од 14тата до 27мата недела?
Второто тромесечје од бременоста, кое ги опфаќа 14тата до 27мата геста...
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Дневната соба е едно од најважните места во домот. Тоа е просторот кад...
Либидо и планирање бременост. Што треба да знаете?
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, н...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...