namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Трудничката мачнина обично започнува во шестата недела, а кај поголемиот број на идни мајки исчезнува во 12 тата недела од бременоста, но се случува да трае и за време на сите 9 месеци. Иако ни стручњаците со сигурност не знаат која е правата причина, многу веруваат дека мачнината е природен механизам кој ги спречува трудниците да изедат нешто што ќе му наштети на нивното бебе. Сосема е можно причина да е комбинацијата на повеќе фактори: хормони,психичка напнатост, слабост и низок степен на шеќер во крвта. Но сепак мачнината не смее да Ви го расипе единственото искуство на исчекување....
Бр 1.
Јадете малку, но често – празен желудник со комбинација на пад на шеќерот може да предизвика чувство на гадење спрема храната, како и мачнина. Избирајте намирници кои ќе имаат пријатен вкус за Вас, кои содржат голема количина на протеини и јаглехидрати – како крекери, колачи или јогурт. Избегнувајте калорична, зачинета и мрсна храна. Доколку мачнина Ви предизвикуваат јаките миризби, пробајте да јадете целосно оладена храна, затоа што топлата храна појако ги емитува мирисите.
Бр 2.
Акопресурен завој- наменет е за елиминирање на мачнината за време на патување, но е подеднакво ефикасен и против утринско гадење. Се става околу рачниот зглоб каде што делува на акупресурните точки. Ако не можете да го најдете во аптека, проверете кое од апчињата против мачнина можа да ги користат трудниците.
Бр 3.
Ѓумбир – одамна е познат како ефикасно средство против утринско гадење. Користете го како чај или купете свеж корен, изрендајте го и измешајте го со топла вода.
Бр 4.
Доколку е ѓумбирот она што предизвикува мачнина кај Вас, тогаш пробајте да го решите проблемот со чај од нане. Оваа тревка е позната по своето повеќекратно корисно дејство, вклучувајќи и подобрување на варењето и освежување на здивот.
Бр 5.
Вежбајте! Знаеме дека тоа е последното нешто што би ви паднало на памет, но умерената физичка активност, како што е прошетка на свеж воздух, ја подобрува Вашата состојба. Пилатес вежбите или јога за трудници исто така може да биде ефикасен начин за ублажување на утринската мачнина и стекнување на потребната кондиција за “големиот“ ден.
Бр 6.
Пробајте да пиете топла вода - во која ќе исцедите лимон. Исто така држете кора од свеж лимон во пластично кесе и помирисајте ја доколку осетите мачнина. Неколку капки од етерично масло од лимон во марамче ќе делува на ист начин. Кога и да осетите дека се приближува непријатно чувство на мачнина, посегнете по овај “волшебен мирис“.
Бр 7.
Изедете протеинска ужина – (варено јајце, сендвич со шунка или пилешко) пред да си легнете, што ќе спречи нагло паѓање на шеќерот во крвта во текот на целата ноќ. Наутро од кревет станувајте пополека и постепено. Во случај да имате некоја обврска поради која морате да станете во одредено време, наместето го саатот половина час порано за да го избегнете брзањето.Исто така на столче до вашиот кревет секогаш чувајте кутија крекери и термос со чај од нане, голтка или две може да Ве поштеди од утринско гадење.
Бр 8.
Хомеопатија – е природен начин не лечење кој можете сами да го применете без штетни последици (не можете да се предозирате со ниедно хомеопатско средство).
Бр 9.
Витамин Б6 – се користи во терапија за утринско гадење уште од четириесеттите години на минатиот век, иако науката сеуште не ја открила вистинската причина на неговото дејство. Но сепак пред да земете, консултирајте се со Вашиот лекар. Доколку ги изберете природните извори на овој витамин, треба да знаете дека најмногу го има во бананата, кафениот ориз, рибата, посното месо и јаткастото овошје.
Бр 10.
Ок, не се работи за терапија, но меѓутоа пластичните кеси без кои не смеете да ја напуштите куќата (барем во одреден период на бременоста) претставуваат единствена права “логистика“. Ако ништо друго попрактично е и помалку непријатно за Вас и околината да повратите во кесе одколку на под во автобус или во крилото на Вашиот сопатник. Секогаш мора да бидете спремни на се, Вашата “состојба“ не смее да Ве изненади.
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?