vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Свежите смокви се ценети заради тоа што изобилуваат со антиоксиданси како каротени, танини, лутеин и клорогенска киселина. Освен тоа, свежите смокви содржат голема количина на витамини А, Е и К.
Антиоксидансите не штитат од слободните радикали чие разорно дејство може да доведе до предвремено стареење, деменција, срцеви болести и карцином.
Воедно, истражувањата покажуваат дека хлорогенската киселина го урамнотежува нивото на шеќер во крвта.
Смоквите, како и другите продукти богати со влакна, помагаат во слабеење и одржување на посакуваната тежина. Во смоквите се пронајдени и споеви со антиканцерогено дејство – бензалдехид и кумарин.
Прелиминарните здравствени истражувања потврдија потенцијално делување на овие споеви на карцином на простатата и кожата. И свежите и сувите смокви содржат значајна колчина на витамини од групата Б како што се ниацин, пиридоксин, пантотен и фолна киселина.
Овие витамини учествуваат во метаболизмот на јагленохидратите, белковините и мастите. Б комплексот е значаен за мозочната функција, а посебно за добро расположение.
Исто така сувите смокви се обилен извор на минерали како калциум, цинк, калиум, селен, железо и бакар.
и покрај ниската калориска вредност (74 калории на 100 грама), смоквата содржи прехранбени влакна, витамини и минерали.
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...