|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Сладолед – голем предизвик за детето!

Редакција Рингераја, 5.7.2012
Иако родителите секое лето грижливо проценуваат колку сладолед смее да изеде нивното дете, следната статија ќе разбие многу стереотипи за овој вкусен производ
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Тешко ќе го одбиете своето дете кога ќе побара уште еден, којзнае кој по ред сладолед. Изборот е огромен, од овошни до чоколадни, од т.н. водени до млечни на стапче или во корнет, домашни или фабрички произведени сладоледи. Сепак, видот и количината на сладолед треба да зависат од конституцијата на детето и неговите активности.

На подебелите деца не треба да им се дава сладолед секојдневно туку секој втор или трет ден, а активно и нормално ухрането дете може да јаде сладолед секој ден. Најдобар е сладолед од јогурт со свежо овошје и минимална количина на шеќер.

Сладоледот треба да се јаде полека, детето не би требало да го голта, бидејќи на тој начин доаѓа до нагла промена на температурата во желудникот што може да предизвика акутен гастритис или пролив.

И во стоматолошките кругови сладоледот не е повеќе на оптуженичка клупа. Имено, за да се развие кариес неопходно е храната која е богата со шеќери што подолго да се задржува  на површината за забите. Плунката лесно го мие сладоледот така што тој помалку предизвикува кариес отколку јаболкото обичниот леб или лепливите бонбони на пример. Секако, тоа не подразбира да се внесува без престан, бидејќи во спротивно има неповолно дејство како и соковите.

 

Не ги фрлајте стапчињата од сладолед

Колку и да Ви се крева косата од погледот на сладолед кој тече по стапчето, рацете и облеката на детето, децата најмногу уживаат во тоа. По ладното освежување останува стапчето од кое може да се направи интересна играчка.

Потребен материјал: Секое стапче добро измијте го и исушете го. Набавете шарена ткаенина, разнобојна волница, фломастери, колаж хартија и лепило.

Постапка: На стапчето нацртајте му очи, веѓи, трепки, нос и уста. Пуштете го детето да го прави тоа без оглед на возраста, бидејќи и тоа треба да се забавува. Оставете ја неговата фантазија да се развива.

На поголемите деца куклите направени од стапчиња можат да им послужат како обележувачи за книги што ќе биде добар начин да ги натерате децата да читаат книги за време на распустот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
5
Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
4
Работи што секој родител треба да ги има в...
Патувањето со деца секогаш бара добра подготовка.
3
Зошто децата не растат?
Ако не треба да купувате нова јакна и чевли секоја година, доколку вашето дете е значително пониско од неговите врсници ...
3




Анкета

dali vi se dopaga imeto Teo
tanana



da (36%)

ne (27%)

pa ne e loso (15%)

moze i podobro (9%)

mnogu mi se sviga (7%)

obozavam kratki iminja (6%)


Број на сите гласови: 116

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!