vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Наша цел е преку здравствено едукативни мерки да се споделат основни совети за нашите сограѓани со чие спроведување би се постигнало зачувување и унапредување на оралното здравје, не само на поединци туку на колективното орално здравје на целата популација.
Здравствено воспитната програма е систематско-стоматолошка-превентивна, профилактичко-тераписка работа од која се очекува следното:
1. Стекнување со основни предзнаења за здравјето на забите и устата, како примарен сегмент од дигестивниот систем;
2. Мотивирање на нашите најмлади пациенти за редовни превентивни прегледи и подигнување на нивната здравствена свест на повисоко ниво;
3. Зачувување и унапредување на оралното здравје кај населението со нивно поттикнување, мотивирање и самоволно ангажирање во заштитата на индивидуалното и колективното здравје на опшествениот систем;
4. Запознавање со значењето на здравата исхрана;
5. Стекнување основни хигенски и здравствени навики;
6. Промена на лошите навики и лошите искуства од предходни посети на стоматолог;
7. Стекнување на позитивни навики по системот на вреднување, афирмирање, самодоверба, и самодокажување;
8. Обука за правилна и правовремена хигена на устата и забите;
9. Презентација на можностите за пренатална (за време на бременост) и постнатална (после породување) флуор профилакса, како најмоќно досега откриено, докажано и употребувано средство за зачувување на интегритетот на денталните ткива;
10. Итерпретација и запознавање со средствата за одржување на оралната хигиена (пр. четки за заби, пасти, интердентални стимулатори, интердентални четкици, дентални конци итн.)
11. Градење одлична релација доктор-пациент, кој е од особена важност за помладата популација, кои претставуваат една високо вулнерабилна категорија на индивидуи во општествената заедница, бидејќи на таа возраст покажуваат особен афинитет за комуникација, прилагодување и соработка.
12. Стекнување на довербата кај нашите клиенти, и наметнување на нашиот авторитет, но не како "сервис" на нивните орални проблеми, туку како чувари на нивната орална благосостојба;
13. Интегрирана акција и интердисциплинарана соработка ( медиум-педијатар-гинеколог-стоматолог) во спроведување на здравственото воспитување;
Овај современ концепт е условен од факторите на опшествено-економскиот развој и развојот на стоматолошката наука како целина, од една страна, и од задачите и целите што се поставуваат пред оваа дисциплина од друга страна.

1. Што се забите???
Забите се органи како и сите други органи во организмот на човекот. Нивната функција не е само да учествуваат во процесот на џвакање на храната туку тие се составен дел од нормалната физиономија на лицето како многу важен естетски момент, но исто така учествуваат и во фонетиката односно говорот. Со оглед на бројните функции кои ги имаат забите, губењето и на еден заб во забната низа би значело нарушување на оралната рамнотежа и низа последици по преостанатите заби но и генерално по општото здравје. Меѓу другото кај луѓето со нарушено орално здравје се јавува еден социјално-економски-психолошки проблем.
• Социјален проблем - бидејќи со губење на забите доаѓа до нарушување на изгледот, непријатен мирис од устата , намалена комуникација со околината.;
• Економски проблем - бидејќи проблемите со забите носат и реперкусии по работната способност на индивидуата, бидејќи секоја болна состојба ја намалува способноста за извршување на работните обврски, губење работни денови и намалување на месечните придонеси, и трошоци за рехабилитирање на компромитираното забало и негово санирање;
• Психолошки проблем - бидејќи кај луѓето со нарушено орално здравје настанува една интравертност односно повлекување во себе како еден синдром на намалена вредност во општеството;
• Медицински проблем - бидејќи нарушеното орално здравје носи реперкусии и по општото здравје и ја нарушува биорамнотежата на целиот организам;
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...
Навики што е добро да ги промените пред бременост
Подготовката за бременост не започнува дури откако ќе се појават двете...
Можни фактори на ризик за аутизам во бременоста
Кога се зборува за аутизам, едно од најчестите прашања на идните родит...
Што значи кога ќе пукне водењакот?
„Пукна водењакот“. Реченица која многу идни мајки ја замислуваат како ...
Кога детето треба правилно да ги изговара сите букви?
„Дали е нормално моето дете сe уште да не го изговара правилно Р?“ или...