|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што јадат децата кои не јадат НИШТО

Адриана Кучи, 1.6.2011
...а сепак се живи, радосни и сосема здрави?!

image
/11


 

Колку познавате такви примери – деца кои не јадат ниту еден оброк дневно, како што се очекува од нив, но и покрај тоа за среќа, убаво напредуваат во растот и развојот.

Претпладне на термалните базени, во наша близина и исклучиво во работен ден, е резервирано за мајки и деца... Воглавно деца и оние кои се грижат за нивната безбедност и останатите потреби во текот на денот. Како деновите сеуште не се доволно сончеви, дејството се одвива во затворен простор. И тоа вака – ние мајките како моржови, лежиме на крајот на малиот базен чиј најдлабок дел достигнува 50 cm. и будно ги гледаме децата кои уживаат во водните радости заедно со врсниците.

Ете така некако изгледаше моето и утрото на Ема, вчера. Ема во базенот запозна толпа другарки и еден другар.

Како овде не е вообичаено да се разговара со непознати, освен меѓу децата, мајката на едно девојче, за кое подоцна дознавме дека се вика Ела, секој ден ја носела својата ќеркичка на базен, бидејќи во спротивно не јадела ништо. Ела има три години. Убава е, паметна, мила и слаба, навистина. Послаба е од мојата слаба Ема. Верувам дека тоа ја привлече жената кај мене. Мајка и ја водела Ела на сите можни прегледи, каде е востановено дека е сосема здрава, дознавам брцкајќи се во базенот.

Малите деца на Балканот, може да доцнат во развојот во се, и тоа не е ништо страшно.

Но, нема поголема причина за гордост кога бебето јаде многу и кога тоа се гледа и на него.

...И поголема причина на грижа од тоа кога детето ќе одлучи дека нема да јаде повеќе од потребното, па дури и ако му се обесите на трепки.

Тоа е така.

И сеуште е така, и покрај сите истражувања и сознанија на современата медицина, кои несебично се делат со мајките и останатите вклучени во животот на бебето – едноставно, така е.

Секако, не во секој пример. Ако читате да речеме по форумите, за напредокот на потомците чија килажа повеќе не е зависна ниту од мајчиното, ниту од АД млеко – примерот е ист – мајките на бебињата чија килажа одамна ја пробила горната граница само ќе “прикачат” смајли до изјавата дека бебето им е дебело, а мајките на бебињата кои се малку над долната граница, но во нормална мера за возраста според табелата на Светската здравствена организација, паѓаат во несвест од тага и грижа...

Но тоа, таа гордост на масните наслаги овојпат не е моја тема.

Туку оние тврдоглави малечки, кои и покрај упорноста на нивните родители, јадат колку сакаат и неретко само тоа што сакаат, а на родителите им се чини дека тоа е – ништо.

Колку калории му се потребни на тригодишно дете?!

Стручњаците велат околу 750 дневно, за неговото тело да добие се што треба. Секако, ова е само просечна бројка. На помирните деца, кои можат со саати да цртаат и да гледаат телевизија им треба многу помалку, отколку на оние кои своето будно време го поминуваат во активна игра трчајќи и скокајќи.

Но, да се вратиме на Ела, другарка и на Ема со која заедно ручавме. И таа и Ема нарачаа детско мени кое се состоеше од: парче мисиркино месо, варен компир и варена брокула. Во главата си ја направив оваа аматерска анализа: двете изедоа по пола парче месо, да речеме околу 50 гр. месо, што е прилично солидна количина за внес на минерали од месото и ја задоволува количината на потребните белковини од животинско потекло. Во калории – околу 75. Изедоа и компир кој е богат до јагленохидрати и кој им додаде уште 70 калории. Ела, навистина не сакаше да проба од нискокалоричната брокула. Но затоа изеде чиниче здрави и нискокалорични јагоди, богати во витамини и антиоксиданси на кои му даваме 30 калории, што чини вкупно 175 калории.

Мајка и', и покрај моите утешни зборови дека и моето девојче изеде толку, само одмавна со главата и гледаше во чинијата во која остана многу храна. Моите зборови, дека порцијата е преголема, не ја смирија. Го молеше и уценуваше девојчето, кое едноставно не ја забележуваше. Подоцна испија тетрапак полномасно млеко, извор на потребниот калциум. Дополнителни 124 калории, па доаѓаме до 299, односно 300 калории вкупно. Остатокот од времето изедоа, рамноправно, пакетче соленки – по 50 грама, значи дополнителни 200 калории со не толку квалитетни јагленохидрати, бидејќи не беа направени од полнозрнесто брашно, така што нашата пријателка која “не јаде ништо” дојде до 500 калории до пладне. И тоа само оние кои тука пред нас ги внесе. Никој нема да ме увери дека до крајот на денот на некој начин не внесла дополнителни 250 калории. Бидејќи мојата Ема, иако одби да вечера, изеде околу 200 гр. сладолед, неколку парчиња пушено месо, две кифли и две наполитанки.

И ете одговор на мајката на Ела и на сите други мајки: “Како живее, а не јаде ништо”

Целата оваа приказна ја раскажав затоа што пред година дена, во детско советувалиште, каде одиме на редовен преглед и вакцинација, запознав прекрасна детска нутрициониста, чии паметни и реални погледи на светот на детската исхрана ми помогнаа повеќе од многуте книги кои ги читав во агонија. Ако тоа на некој не му е јасно, моите две потомки се, на нивна среќа, деца кои јадат колку што сакаат. Во спротивно јас сигурно, со најдобри желби, би ги направила мали дембелаци.

Госпоѓата стручњак која ја споменав, во краткиот разговор ме научи нешто многу важно – дека тоа што децата не јадат онолку колку што сакаме ние, се што сакаме ние и кога сакаме ние – не значи дека не јадат ништо. И оние неколку лажици домашна супа од резанци од јајца, двете залачиња месо, парче пита со квалитетно сирење, десет маслинки, три јаготки, едно “дрвце” брокула, неколку тркалца морков, чај со две лажички мед, млечна каша со витамини, иако само половина – сето тоа се брои, како во калории така и во неопходни состојки за здрав раст и развој. Секако, децата ги достигнуваат калориите заблагодарувајќи им на попустливите родители, јадејќи колачи. Од нив ретко кога добиваат нешто корисно, затоа и стручњаците ги нарекуваат извор на шупливи калории, но во секој случај децата ги јадат и тогаш кога ни се чини дека не јадат ништо.

А од глад се умира, како што вели татко и на другарка ми, само таму каде што нема храна.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крварење од носот кај деца
Кога носето ќе прокрвари, се плашат и родителите и децата. Но дали стравот е оправдан?
4
Совети за среќен живот
Еве некои совети како да им помогнете на своите деца да живеат посреќно во денешниот свет, исполнет со брзање, напнатост...
3
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Девојчињата прерано на штикли
Многу од производителите на чевли во својата понуда денес имаат и штикли за деца. Лекарите предупредуваат дека носењето ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?