|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Научете ја вашата ќерка да сонува

Редакција Рингераја, 22.8.2016
Тие мали, нежни суштества ве гледаат со нивните сонливи очиња, очекуваат заштита, насоки и љубов, а вие имате само две едноставни задачи: Да дадете сe од себе за вашето дете да биде среќно и да му оставите на светот барем еден подобар човек од себе
Клучни зборови:

image
/11


 

Воспитувањето на машки и женски деца се разликува од неколку аспекти, во свет кој сè уште не може да го „свари феминизмот“, свет полн неправди, искривени перцепции и нерамноправности. Шовинизмот, двојните „аршини“ и непристојното етикетирање можат да ја разнишаат самодовербата на секоја жена...

Па како јас како мајка ќе ? помогнам на мојата убавица да сонува?

1. Ќе ја охрабрувам

Ќе бидам искрена, не се сеќавам дека моите родители особено нè охрабрувале мене и брат ми. Не можеа секогаш да стигнат на нашите приредби и не ги обвинувам, мораа напорно да работат за да ја осигураат нашата егзистенција.

Но, нашите петки и успеси не беа дочекани со овации, ниту ентузијазам, туку секогаш со едно скржаво и тивко: „Си учиш за себе, не за мене“.

Наместо тоа, јас ќе ја обрабрувам мојата ќерка кога ќе ? биде потребна малку дополнителна мотивација. Бидејќи, охрабрувањето и вербата во своето дете е бесценето.

2. Понекогаш е добро да ги прекршиш правилата

Некои правила се измислени за да се прекршат. Не сите утврдени норми се полезни или правилни. Па што ако остане еден час подоцна за да го изгледаме тој цртан или филм од кој ќе научи лекција? И што дека ќе пропушти еден училишен ден, ако истиот го исполни со далеку поедукативни и полезни активности?

3. Ќе ја научам дека постојат многу различни професии

Поттикнувајќи ја да разговара со сите наши пријатели и блиски, не само што ќе ги развие своите социјални вештини, туку ќе научи дека постојат многу различни професии кои ги исполнуваат луѓето. Не сакам моето дете да живее во свет во кој ги занемарува чистачите, затоа што сакам да научи дека сите сме луѓе и сите мораме да работиме за да преживееме.

4. Ќе пишуваме дневник

На тој начин, човек најдобро се запознава себеси и си ги средува мислите. Најлесно си ги дијагностицира проблемите, но и целите и соништата за иднината. Воедно, ова е одличен начин да се внесе малку рутина во животот, која воедно е забавна и ветува збогатување на речникот.

5. Ќе се зачлениме во библиотека

Кога сме веќе на темата збогатување на речникот, зарем има подобар начин од читањето книги? Не секогаш ќе има пари за нови книги, но секогаш ќе има доволно за месечна членска карта за библиотека.

6. Смеј се секој ден

Колку и да е лош денот, не смее да помине без ниту една насмевка. Бидејќи таа е лек, еликсир на животот. Но, како моето малечко ќе го научи тоа, ако не од своите родители? Па за почеток, да најдеме причина за насмевка секој ден, колку и невозможно да звучи тоа, за и нашите малечки да ја прифатат оваа навика како слатка заразна болест.

 7. Ќе разговараме и дискутираме постојано

Без разлика дали е за цртаниот филм или за цената на фустанчето. Без разлика дали станува збор за сериозна или несериозна тема. Клучот е во комуникацијата, а јас ќе разговарам колку што можам и умеам... или барем до пубертетот.

8. Ќе ја научам дека разочарувањата се дел од животот

Ништо не е розово и животот не секогаш е фер. Понекогаш ќе дадеш сè од себе и ќе завршиш разочарана и со скршени сништа. Но, секогаш треба да станеш, да ја кренеш главата високо и да продолжиш понатаму. Се надевам дека мојата малечка ќе го научи ова и ќе им го пренесе и на своите деца.

 

Извор: ЦрноБело

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Здрави детски фрустрации
Во светот каде родителите сe почесто сакаат да го заштитат своето дете од секој стрес, конфликт, нервоза, фрустрациите с...
8
Кога никнуваат првите трајни заби кај децата?
Првите трајни заби никнуваат околу 6-тата година од животот и затоа се нарекуваат шестогодишни катници.
4
Канцероген коктел пронајден во детски санд...
Германската национална телевизија покрена тестирање на пластични детски сандали од различни производители. Во сите е нај...
4
Како да купите соодветно седиште за во авт...
На секој родител најважна му е безбедноста на своето дете, па затоа се одлучува да купи седиште за во автомобил. Најваж...
4




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?