|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ведрана Рудан со поддршка на Северина

Редакција Рингераја, 4.12.2019
Северина доби огромна поддршка по судската одлука нејзиниот син Александар да живее со неговиот татко Милан Поповиќ. Меѓу многуте пораки упатени до популарната пејачка, се истакна писмото на хрватската писателка Ведрана Рудан

image
/11


Отворено писмо за Северина

Почитувана госпоѓо Којиќ!

Гледам плачете, гледам се чудите затоа што ви го одзедоа детето. Јас, помалку славна, поминав низ сличен пат.

Во далечната 1988 година одлучив да го напуштам сопругот. Живеевме во заедничка куќа. На почетокот ми стави до знаење дека ќе се бори за куќата докрај. Тогаш не знаев што е тоа „крај“. Дознав во 2017. Дваесет и девет години се борев да дојдам до делот од заедничката куќа што беше на мое име.

За среќа, сите тие години, адвокатот ме застапуваше бесплатно. Да морав да ги плаќам трошоците, никогаш немаше да стигнам до мојот дел. Фала ти, Синиша.

Куќата ја напуштив со торба во раката. Децата останаа со него, затоа што немаше каде да одиме. Не остана никој од соседите, непознати лица и бивши пријатели кој не ме прогласи „ку*ва“. Се осмелив да го земам животот во свои раце, да продолжам без него, сама да си го изберам својот пат.

Изнајмив стан на поткровје. Со врски. Никој не сакаше да ми изнајми стан кога ќе слушнеше дека имам две деца. Познати и непознати, бившите пријатели, биле згрозени што сум заминала со љубовникот и сум ги „оставила“ децата наместо да останам со насилникот и да чекам кога ќе ми ја скрши главата.

Имав голема среќа со Центарот за социјална работа во Риека, затоа што мојот „случај“ го доби маж. Никогаш нема да го заборавам. Тогаш научив, слушајќи ги сториите на моите „колешки“ кои имале помалку среќа, дека жена на жените им е жена.

Тој човек ми го спаси животот. Ми рече нешто што првпат го слушнав во животот, дека имам право на избор, дека сум добра мајка, дека децата некогаш ќе разберат и дека нема потреба да се чувствувам така страшно виновна.

Се чувствував виновна што на децата им го „уништив животот“, што им го одзедов „таткото“. Сега, со години живеат опуштено без него, ниту се слушаат со него, ниту се гледаат, затоа што го направив она што мажените „пристојни“ жени и мајки не го прават: помеѓу нов живот и пекол, избрав, не нов живот, туку живот.

Во тоа време, ќе повторам дека беше 1988 година, мажот кој го оставаш можеше да одбие развод. Мојот тоа и го направи. Се бореше против развод затоа што ме „сакаше“. На суд бараше да се вратам „дома“, да им се вратам на децата и нему, иако во нашиот „дом“ со него веќе живееше друга жена. Судијката сепак нè разведе.

Од своите лични работи, зедов облека, перница и прекривка, заминав едно утро кога воздухот беше „чист“. Неколку дена подоцна, се осмелив да одам по метар дрва. „Украдов“ дрва од сопствениот двор кој го купив со сопствени пари, син ми чуваше стража. Пеев во малиот камион додека со мој пријател го пренесувавме „украденото“ до мојот изнајмен стан, среќна што не ме фати „на дело“ и да ми ја скрши главата.

И денес некои ме нарекуваат „ку*ва“ за бегањето од дома и „напуштањето“ на децата кои со години не си го имаат видено „таткото“. Не ме погодува тоа. Знам каде живеам, знам дека сум добра мајка, знам дека имам прекрасни деца и прекрасно внуче и добар сопруг, знам дека сум среќна. Среќна сум затоа што имав храброст да се борам и против „соседите“ и против „пријателите“ и против „системот“.

Никој во оваа земја не е на страната на жените. Како што беше пред 40 години, така остана. Денес е уште полошо, зашто и Црквата се вклучува во лов на „ку*ви“.

Госпоѓо Којиќ! Зошто солзи? На тоа се пали тој. Зошто се чудите на пресудата? Живееме во Хрватска. Не ја знаете моќта на парите? Не знаете колку женската омраза може да биде огромна кога жена ќе почувствува дека друга жена може да ги отфрли оковите во кои самата таа се прпелка?

Госпоѓо Којиќ, како не разбирате? Сите се против вас. Порталите, соседите, таблоидите, системот, жените, жените, жените. На страната на вашиот противник е и огромна парична сума вложена во ваш прогон.

Госпоѓо Којиќ, вие сте вештерка која треба да биде прегазена, претворена во бара од солзи. Треба да ве уништат, па засекогаш да ви го одземат правото да го гледате синот, затоа што сте „луди“. Да бевте „нормални“, во некој камен дворец ќе гледавте „Zadruga“, ќе си ги лакиравте ноктите и ќе си потпевнувавте.

Госпоѓо Којиќ, кога ве гледам вака расплакана, се прашувам, каде е Северина? Северина која лета во воздухот, Северина која пее пред илјадници луѓе, Северина која не плаче ни кога целата женомразачка Хрватска се крева на нозе против неа.

Северина! Оставете ги сите тие одвратни женки кои 'ржат по вас. Оставете ги сите напалени мажјаци кои ве мразат затоа што не можат да ве имаат. Оставете го и него, кој деновиве свршува затоа што ве „победил“. Не, немојте да ги избришете солзите и да ги развлечете усните во насмевка заради мене. Јас сум спасена. Направете го тоа за десетиците илјади Хрватки кои не се Северина, а минуваат низ истото.

Одржете концерт во Загреб! Блескајте во Љубљана! Бидете Северина, бидете голема мама на малиот Александар, кој еден ден ќе се гордее со вас ако ја добиете оваа битка. А ќе ја добиете.

Ете, сестро, никогаш ве немам видено, не ги слушам вашите песни, не одам на вашите концерти, но сум на ваша страна. Вие сте една од нас. Стегнете ги забите, оставете ги солзите и тргнете во војна против змиите кои се продадоа за една рака полна со долари.

Ведрана

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
5
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
5
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?