vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Последниот ден од годината е посебен за секоја дама, бидејќи времето е предодредено за подготвување за најлудата ноќ. Се избира најубавиот фустан, се прават свечени фризури, а она што дава вистински сјај е шминкањето. Затоа ви носиме неколку важни совети како во новогодишната ноќ да изгледате перфектно.
Лице
Првата и најважна работа е дека шминката не смее да биде претешка и не треба да имате чувство дека на лицето носите маска, заради која кожата не може да дише. Запомнете, тенот мора да ви биде совршен. Значи, добредојдени се лесна пудра или тониран крем, кои ќе ги фиксирате со пудра во прав. После тоа на лицето нанесете малку руменило или бронзер, кој се става во мали количини на контурите на лицето – слепоочниците, врвот на носот и делот под веѓите.
Очи
Што се однесува до шминкањето на очите, можете слободно да си поиграте и со мат и со седефасти сенки во зависност од тоа кој што сака повеќе, а за да постигнете погламурозен изглед од секојдневниот, ставете светкав крем на рацете и телото. Истакнете ги очите со туш и маскара, но само на горниот капак. Можете да ставите и вештачки трепки, кои мора да бидат прецизно залепени.
Усни
Идеална боја на кармин за новогодишната ноќ се бордо, црвена и виолетова, кои ја истакнуваат сензуалноста на усните. Избегнувајте многу сјај, посебно ако очите ви сјаат. И задолжително држете се до старото добро правило кое вели – ако се очите истакнати, усните не смеат да бидат и обратно.
И за крај...не заборавајте својот изглед да го надополните со омилениот парфем.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...