vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Дознајте повеќе за здравствените придобивки од семето од босилек и како да го вклучите во вашето мени
1. Богато со влакна
Во 1 лажица семе од босилек има 25% од количеството потребни влакна на ден. Благодарение на високата содржина на влакна, тие се грижат за здравјето на дигестивниот систем и помагаат да се чувствувате добро без да потрошите многу калории.
2. Го регулира шеќерот во крвта
Неколку студии сугерираат дека семето на босилек може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта. Во оваа студија, учесниците добија чаша вода по оброк во која семето од босилек претходно беше натопено. Резултатот е 20% намалување на шеќерот во крвта во споредба со претходно измерените резултати.
-387435-500x0.jpg?1555411954378)
3. Добар извор на калциум и магнезиум
Семето од босилек е одличен извор на калциум, магнезиум и железо. Калциумот и магнезиумот се особено важни за здравјето на коските и мускулите и железото за производство на црвени крвни клетки.
Семето од босилек е особено погодно за вегетаријанци кои обично страдаат од недостаток на овие минерали.
4. Растителен извор на Омега-3
Само 1 лажица семе од босилек дневно е доволно за да ви ги обезбеди скоро сите дневни потребни количини на Омега-3 масни киселини. Семето од босилек содржи алфа-линолева киселина (тип Омега-3), што на нашето тело му треба за да произведе енергија.
-387433-500x0.jpg?1555411982447)
Како да го подготвите семето од босилек?
Ви препорачуваме да користите семе од босилек купено од био продавница. Семето од босилек, подготвено за сеидба, може да е третирано со пестициди.
Искористете го семето од босилек како чај. Натопете 1 лажица од семето во чаша вода. Оставете ги во вода најмалку 15 минути. Во тоа време тоа тројно ќе ја зголеми својата големина. Сосема е нормално да изгледа како гел.
Како да се користи семето од босилек?
смути
свежи сокови
топла и ладна крем супа
јогурт
млечен шејк
леб и други тестенини
палачинки
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Исхраната не е единствениот фактор што влијае врз нашето расположение ...
Кои се главните принципи на медитеранската исхрана?
Медитеранската исхрана се смета за еден од најздравите начини на исхра...
Зошто бебето е гладно и по млечен оброк?
Се случува бебето да побара повторно да цица или да пие млеко кратко в...
Како да го испланирате првото патување со бебето?
Првото патување со бебето може да донесе возбуда, но и многу прашања. ...
Дали цигарите ја намалуваат плодноста кај жените?
Пушењето цигари може негативно да влијае врз женската плодност, да ги ...