Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
/11
Премногу производи, агресивни формули и погрешни навики можат да го нарушат природниот баланс и да предизвикаат повеќе проблеми отколку корист.
Како изгледа здравата интимна средина?
Вагината има сопствен механизам за самочистење и природно кисела pH вредност, која штити од инфекции. Сè што го нарушува овој баланс може да доведе до: иритации, непријатен мирис, инфекции и чувство на сувост или печење.
Затоа изборот на производи е најважен.
Што треба да користите?
Млаката вода како основата на сè. За секојдневно одржување, млака вода е сосема доволна за надворешната интимна зона.
Благи интимни средства ако имате навика да користите да бидат: без парфеми, без алкохол, со pH вредност прилагодена за интимна употреба, наменети исклучиво за надворешна употреба. Користи ги умерено, но не секој ден.
Памучна долна облека која: дозволува кожата да „дише“, ја намалува влажноста и го намалува ризикот од инфекции.
Што не треба да користите?
Вагинално туширање. Ова е една од најчестите грешки. Вагиналното испирање: ја нарушува природната флора, го зголемува ризикот од инфекции, па затоа воопшто не е потребно
Парфимирани сапуни и гелови. Тие можат да предизвикаат: иритација, алергиски реакции и нарушување на pH вредноста.
Влажни марамчиња за секојдневна употреба, особено оние со мирис и алкохол. Користете ги само повремено, ако навистина е неопходно.
Често миење. Пречестото миење може да ја исуши кожата и да го ослабне природниот заштитен слој.
Посебни ситуации кога е потребно внимание
Кога да се јавиш кај гинеколог?
Ако забележите: упорен непријатен мирис, чешање или печење, необичен исцедок или болка немојте сами да експериментирате со производи. Побарајте стручен совет бидејќи тој е чекор напред кон најдобрата грижа.
Интимната хигиена не значи агресивно чистење, туку нежна, свесна и редовна грижа. Кога ја почитувате природата на своето тело, му помагате да се заштити само.
Не ти требаат многу производи туку вистинските производи и навики.
5
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Здравите животни навики се важни уште од самиот почеток на бременоста....
Позитивниот тест за бременост е момент што многу жени никогаш не го за...
Што да не слушате кога сите прашуваат: „Кога бебе?“
Постојат прашања кои на прв поглед звучат безопасно, но можат да остав...
Како природно да ги зголемите шансите за бременост?
За многу парови, патот до посакуваната бременост е исполнет со надеж, ...
Најчести повреди кај мали деца и како да ги спречите
Малите деца се љубопитни, активни и постојано го истражуваат светот ок...