vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Пред две недели наполнив 38 години. Утрото, на својот роденден, се разбудив прилично нерасположен, бидејќи годините го прават своето.
Отидов во кујната уверен дека жена ми ќе ме освежи со “Добро утро и среќен роденден, маженце мое златно”. А веројатно и ќе ме изненади со некој подарок. Ништо. Не кажа ни добро утро, а камоли нешто друго на што се надевав! Добро, помислив, со текот на годините стануваат такви, но децата, тие сигурно ќе се сетат на мојот роденден. Децата, исто така, не рекоа ништо.
Длабоко разочаран отидов на работа. Штом влегов во канцеларијата ме дочека мојата секретарка. Со насмевка на лицето Лидија рече:”Добро утро директоре и се најубаво за Вашиот роденден!” Веднаш се почувствував подобро. Сепак некој се сетил дека денес ми е роденден.
Се задлабочив во работата и работев до попладнето. Тогаш на вратата затропа Лидија:
“Знаете директоре, денес е толку убав ден, а и роденден Ви е, па Ве повикувам на ручек!” Тоа е најубавата работа која денес сум ја слушнал”, возвратив. “Одиме?”
Отидовме на ручек во еден одличен мал, интимен ресторан на периферијата, си дозволивме неколку мартини и бескрајно уживавме во одличната храна. Кога се враќавме назад, Лидија рече: “Знаете директоре, денес е толку посебен ден, зошто да се враќаме во канцеларија?”
“Навистина сте во право”, реков, како и секој добар директор задоволен од својата секретарка. “Тогаш ве повикувам кај себе на чаша вино!”
Се сместив во удобниот кауч. Лидија ни тури вино и кога наздравивме, рече:
“Само момент директоре, да облечам нешто поудобно!”.
“Секако, само напред!”, одговорив видно возбуден и со треперлив глас. Отиде во спалната соба и се врати по пет минути. Во рацете носеше голема торта, а зад неа одеа мојата жена, моите деца, пријателите и некои колеги од работа. Сите пееја “Happy birthday to you…”
А јас седев на каучот гол-пиштол, како од мајка роден...
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Безбедно разладување на просторија каде што спие бебето
Во топлите летни денови, високите температури можат да бидат непријатн...
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...
Вистинската паста за заби за вашето дете
Грижата за детските заби започнува уште со појавата на првото запче. ...
Бартолиновите жлезди се мали жлезди кои се наоѓаат во женскиот репроду...
Промената на улогите во семејството низ генерациите
Семејството отсекогаш било темел на општеството, но неговата структура...