Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Зошто не можеш да бидеш како твојот брат/ сестра?
Никогаш немојте да правите споредба меѓу децата, без разлика дали се мали или веќе тинејџери. Таквите приговори уште повеќе создаваат нетрпеливост меѓу децата и ја поттикнуваат љубомората меѓу нив, а детето на кое се упатени се чувствува несакано и помалку вредно.
Навистина си многу напорен / напорна!
Детето ќе стане уште понапорно доколку често му приговарате на овој начин, бидејќи оваа изјава ќе ја разниша неговата самодоверба. Подобро кажете му дека некои постапки не се корисни и убави, наместо да му префрлате за лошото однесување.
Сега немам време за тебе!
Нормално дека не можете целиот ден да му го посветите на детето, но ако му кажете дека немате време за него всушност му кажувате дека не е важно. Објаснете му дека ви треба малку време, без разлика дали тоа се 10 минути или еден час, за да ја завршите работата која сте ја започнале и потоа ќе му се посветите нему и заедно ќе си играте.
Те молам, прибери се!
Зголемените емоции не смеат да се игнорираат или гледаат како знак на слабост. Доколку тоа го направите, детето подоцна би можело да има проблеми со емоционалната комуникација. Затоа препуштете се на емоциите и бидете и вие дете. Тоа е најдобрата работа и за вас и за детето.
Нема да те сакам, ако се однесуваш така...
Родителската љубов мора да биде безусловна и детето не смее да се плаши дека би можело да ја изгуби. Доколку му дадете до знаење дека вашата љубов зависи од неговото однесување, можете да ја разнишате неговата самодоверба.
Никој не те праша за мислење!
Немојте да го отфрлате од разговорите на возрасните. Дозволете му да го каже своето мислење, на тој начин му помагате да научи слободно да се изразува.
Не ми се допаѓа твоето друштво.
Детето се идентификува со врсниците. Ако го критикувате неговото друштво, ќе мисли дека го критикувате него. Доколку мислите дека неговото друштво лошо влијае врз него, предложете му да најде и нови другари и пријатели, а вие помогнете му во тоа.
Би требало да бидеш доктор, адвокат....
Постои огромна разлика помеѓу влијанието врз детето да присуствува на наставата, да учи, да има добри оцени, и влијанието и обидот да го насочите кон одредено занимање, кое вие сте му го одбрале. Дозволете детето само да ги искаже и развие своите амбиции, во спротивно може само да предизвикате контра ефект.
По се што направивме за тебе...
Не очекувајте од вашето дете да биде благодарно за секоја ситница која сте ја направиле за него. Тоа не бара од вас да поминете 2 часа во кујна правејќи ручек, или да се откажете од сопствената кариера, за да бидете подолго време дома.
Ние родителите мораме навистина многу да внимаваме што и како зборуваме пред децата. Многу е важно да не им ја намалиме и срушиме самодовербата, што може многу лесно да го направиме, доколку постојано им приговараме и ги критикуваме нашите деца.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?