vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Сега конечно се сретнавме. Дали средбата со мене малку те разочара? Признавам, јас не сум буцкасто, плавооко и плавокосо бебе кое можеш да го видиш на телевизија. Не сум такво, но сум твое бебе и од сега започнуваме заеднички живот.
Време е да почнеме да се запозванаме. Пред нас е долг период во кој треба да се научиме да се разбираме. И двајцата мора да бидеме трпеливи. Понекогаш нема да го разбираш мојот плач. Можеби ќе се лутиш. Понекогаш ќе се чувствуваш виновна, бидејќи не си во состојба да ме разбереш веднаш. Те молам, имај трпение. За две личности да се сретнат и да се откријат, потребни се денови, месеци, години...
Јас ќе те запознаам тебе преку топилината која зрачи од твоите раце, од твојата прегратка и твојот глас. Преку тебе ќе го запознаам светот. Затоа немој да молчиш, бидејќи твојот глас ми значи повеќе од храната која ми ја даваш.
Во првите месеци ќе бидеш целиот мој свет. Ако ме земеш во прегратка за да ме подоиш, прави го тоа топло и нежно. Немој да бидеш нестрплива. На некои бебиња им се потребни десетина минути за да се нахранат, а на други многу, многу повеќе. Запознај го мојот ритам. Краток одмор на твоите гради ми значи исто колку и млекото кое ми го даваш. Ако ме храниш со лажиче, не прави го тоа преку оградичката на креветчето. Можеби така е поедноставно и побрзо, но мене си ми потребна ти и топлината која зрачи од твојата прегратка.
Кога ќе дојдеме дома, во првите денови ќе има многу луѓе околу нас . Посебно жени кои многу повеќе од тебе знаат за бебиња. Без оглед на тоа, допушти му на татко ми да биде до мене. Можеби е невешт во повивање, но верувај ми, тоа нема да ми пречи. Многу ми е важно да ме запознае во првите денови и сите заедно да станеме семејство.
Ако дома ме чека уште едно мало битие, тоа ги комплицира нештата. Посебно за тебе, која мораш да се бориш со неговата љубомора, незадоволство, бес. Љубомората е тешко искуство и не може да се реши преку ноќ. Потруди се грижата да ја поделиш на двајцата. Тоа ќе биде бавно, исцрпувачки, но тоа е единствен начин да не зближиш и да ни овозможиш да се прифатиме и засакаме.
А јас на твојата љубов ќе одговарам со насмевки, слатки бакнежи и зборови.
Мамичке, те сакам!
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Храна што може да помогне при висок крвен притисок
Високиот крвен притисок е една од најчестите здравствени состојби и ва...
Најважни здрави навики што децата треба да ги усвојат
Здравите навики што децата ги усвојуваат во најраната возраст можат да...
Како да ги заштитите облеката, храната и домот од молци
Молците можеби изгледаат безопасно, но нивните ларви можат да направат...
Зошто е важно да бидеме дарежливи?
Дарежливоста е многу повеќе од подарување пари или материјални работи....
Мали нешта што можат да донесат голема радост
Не секогаш ни се потребни големи промени, скапи подароци или посебни п...