Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Што се однесува до приврзаноста, децата се поделени на неколку групи - деца кои се толку многу приврзани кон своите родители што секогаш се цврсто залепени за нив, деца кои се соочуваат со потешкотии на ниво емоционална приврзаност (тоа често е проблем на посвоени деца) и деца кои наоѓаат рамнотежата помеѓу приврзаност кон своите родители и способноста да бидат самостојни и да се дружат.
Приврзаноста на децата се формира околу 6 - месечна возраст, кога бебињата почнуваат добро да ги препознаваат своите родители и да се плашат од непознати лица. Од тој момент натаму е важен пристапот на родителите.
Вистинскиот родителски пристап бара не толку квантитативна комуникација со детето, колку квалитативна. Потрудете се да го соочувате детето со повеќе непознати луѓе, за да се навикне на страни лица. Не го држете постојано во раце и не го навикнувајте да спие во кревет кај вас ( подобро да го навикнете да спие во својата соба уште додека е бебе). Ова сепак не значи да не го прегрнете и смирите детето (само не претерувајте и не бидете премногу заштитнички настроени) кога тоа има потреба од вас, бидејќи токму покажувањето љубов на детето, развива кај него чувство за љубов кон околните и го намалува ризикот од појава на вообичаениот страв од непознати лица.
Премногу приврзаните деца често имаат проблеми со социјализација и комуникација со нови лица и луѓе. Тоа пак е причина за формирање на стрес и дури страв кај детето при запишувањето во јасли и градинка.

Како прекумерното внимание, така и недостатокот на внимание може да стане причина за проблеми со наклонетоста на детето. Децата кои не го примиле потребното внимание од родителите, често растат затворени во себе, без самодоверба, вознемирени, дури често агресивни.
7
6
5
5
забава Бремените
Автор: bobik
Дали денот на овулација е најплодниот ден?
Денот на овулацијата се смета за еден од најплодните денови во менстру...
Што е анксиозност во бременост?
Анксиозноста во бременост е состојба на зголемена грижа, напнатост и с...
Како функционира ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (IVF - in vitro fertilization) е асистирана репр...
Што е ПАП тест и зошто е толку важен?
ПАП тестот е едноставен, брз и безболен гинеколошки преглед кој има ог...
Дали ултразвукот е безбеден за бременоста?
Ултразвукот (ехо преглед) се смета за безбеден за време на бременоста ...