Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Ешли Грим го изгубила синот во сообраќајна несреќа. Таа возела. Секогаш внимавала. Но во таа секунда се отишло во неповрат. Собрала сила и им напишала писмо на сите родители. Ви го пренесуваме во целост.
Како што некои од вас знаат, го доживеав најголемиот страв кој го има секоја мајка. Го изгубив синот во ужасна сообраќајна несреќа. Излегов од бензинската пумпа, ги проверив сите каиши и почнав да возам по планинскиот пат кон нашата куќа.
Мојот син беше познат по тоа што ќе направеше се за да се одврзи во автомобил. Се обидовме со појаси за врзување на пет точки, седиште, дури едно време имавме и каиш со патент затворач. Тој секогаш го гледаше тоа како предизвик за суперхерои. Тој и беше суперхерој бидејќи секој пат му успеваше да се одврзе. Во просек, застанував три до четири пати за повторно добро да го закопчам.
Возевме само пет минути кога голема карпа почна да се тркала во нашата лента за возење. Имав три опции: или да се обидам да ја избегнам карпата, да преминам во другата лента на полна линија, да ризикувам да паднам во опасната провалија, или да удрам и да ја сронам карпата. Ја избрав карпата. Избрав погрешно.
И да. Тој веќе се откопчал заедно со својот осумгодишен брат. Карпата удри во осовината и не отфрли на работ на провалијата. Нашето комбе се преврти и мојот син почина на лице место. Нашите животи се распаднаа во тој момент.
Мојот син кој беше моја гордост и моја радост, сурово ми е земен во дел од секунда. Се сеќавам дека бев згмечена меѓу воланот и три тона метал од комбето. Имаше крв насекаде. Се борев да се извлечам а потоа се онесвестив. Кога се разбудив го откопчував бебето од седиштето и се обидував да го извлечам секое дете од комбето (петте мои деца беа со мене).
Кога дојдов до Титус се обидов со сета сила да го подигнам комбето од неговото тело. Мојот осумгодишен син ми помагаше. Можев да го видам само долниот дел од неговото тело. Кога го извлеков, видов дека починал на лице место.
Тоа што следеше ми е во магла. Одбив лечење од Брзата помош која дојде, додека не ми дозволат да го држам својот син.
Сите мои деца беа пренесени во болница. Бев неутешна од шок. Поминаа неколку денови пред да видам се на Facebook. Читателите најсурово коментираа каква мајка сум. Како сум го заслужила тоа. Како треба да ми се одземат децата. сакав да ги удрам, да ги протресам. Да им кажам колку бевме блиску, колку само се трудев да бидат безбедни. да им кажам дека имавме посебен бакнеж за добра ноќ и излегување во McDonalds секој викенд.
Сакав да кажам гласно дека син ми ми велеше дека сум најдобра мајка на светот. Дека ми правеше лего бродови, спиеше во мојот кревет, додека се држевме со испреплетени прсти.
Но секако никој не би ме слушнал. Почувствував дека морам да го напишам ова писмо до сите мајки: Чувајте ги вашите деца, силно прегрнете ги и чувајте ги. Тоа е се што сакам да му кажам на светот.
Јас не сум тоа што бев. Смртта и загубата го изменуваат човека одвнатре.
Го држев својот мртов син насред улица, го нишав и вриштев, но Бог не ми го врати.
Бирав гробно место и планирав да се фрлам во истата провалија за да бидам со него.
Купив одело на суперхерој за 200 долари за него.
Спиев на гробишта за уште еднаш да спијам со него.
Сакам да ви го кажам ова:
- Можеби не е толку важно да ја изедат целата брокула како што мислиме. Гледајте како јадат и обидете се да ги сфатите нивните чувства кон храната. Дозволете им да јадат сладолед, иако не го изеле зеленчукот.
- Влезете во нивниот свет. Научете да играте Xbox со нив.Дозволете им да веруваат дека навистина се капетан Америка или кралицата Елса.
- Прифатете ја секоја прегратка и секој бакнеж. Дури и 25-та по ред.
- Застанете и гледајте го заоѓањето на сонцето заедно.
- Кажете им дека ги сакате.
- Никогаш не ги осудувајте другите мајки. Ние не ја знаеме целата приказна. Не ја знаеме. Едноставно не ја знаеме.
- Одете веднаш да го прегрнете вашето дете. Потонете во неговиот мирис, погледнете го невиниот сјај во нивните очи. Запомнете го чувството на нивната глава на вашето рамо, нивната рака во вашата, нивните бакнежи. Земете ги во прегратка уште еднаш.
мајки, чувајте ги вашите деца. Благословени сте што ви се доверени такви оригинални, убави мали битија.
Од срце до вашето срце.
Ешли
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?