vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Високиот тон и заканите не воспитуваат принципиелни луѓе, туку ги претвораат децата во бунтовници без причина.
1. Избегнувајте употреба на немој - не започнувајте разговор со деца со зборот немој или колку пати да ти повторувам. Наместо тоа заменете ја конструкцијата на реченицата со: Ајде да ја исчистиме твојата соба и да ги наредиме играчките.
Според експертите по неврологија, со овој трик може да го привлечете вниманието на децата и да создадете впечаток дека можат да се окупираат со задача, само ако посакаат;
2. Давање за избор - наместо да му давате на детето една задача, давајте му по две, бидејќи на тој начин му создавате илузија дека има избор. Така ќе може да ви помогне, а не да седи мрзеливо пред компјутер;
3. Заблагодарете им се пред да ја завршат обврската - зборот благодарам има силно влијание врз перцепцијата на луѓето, бидејќи ги тера да се чувствуваат ценети и потребни. Затоа, ако се заблагодарувате почесто децата со поголема подготвеност ќе ги исполнат вашите барања;
4. Заменете ако со кога - кога е хипотетичка збор, токму како ако. Но кога се користи ако има нијанса за задолжителност која ги тера децата, особено помалите, да се бунтуваат. Затоа користете реченици од типот: Кога ќе ја завршиш домашната задача, можеш да гледаш телевизија, советуваат психолозите;
5. Користете бидејќи - објаснувајќи им ги поуките кои им ги даваме на децата, е поверојатно тие да ги исполнат. Во спротивно тие ги прифаќаат и баналните барања како обврски, при што ќе се противат да ги исполнат;
6. Не употребувајте не може - не може и нема се фрази со кои кај детето се раѓа впечаток дека нема можности пред себе, а на тој начин ја губи мотивацијата за каква и да е работа.
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Што е замрзнато рамо и како да го препознаете?
Замрзнатото рамо, познато и како адхезивен капсулитис, е состојба при ...
Првите денови од бременоста. Што треба да направите?
Позитивниот тест за бременост е момент што може да го промени целиот в...
Зошто разделбата од семејството може да биде тешка?
Заминувањето од семејниот дом, преселбата во друг град или земја, па д...
Зошто е важен датумот на последната менструација?
Датумот на последната менструација е многу поважен отколку што можеби ...
Протеин од сурутка - предности vs. недостатоци
Протеинот од сурутка (whey protein) е еден од најпопуларните додатоци ...