|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Песна за РИНГЕ-РИНГЕ-РАЈА

Џесика РР, 11.3.2013
Џесика РР им подготви изненадување на жените од Рингераја кои беа на прослава на 8.март - напиша песна за нив и за Рингераја

image
/11


 

 

Се собравме вечерва жени славни,

да се провеселиме и да бидеме главни.

Рингераја сегде ја застапуваме

и на секоја средба се радуваме.

 

Доста по игротеки се дружевме

и за инхалации и алергии тупиме,

„људски“ да се збереме заслуживме

и квалитетно време да си купиме.

 

Во секоја област ние се разбираме

пулмолози, ортопеди не има на тон,

чорапите во кој ќош се, стално си анализираме,

оправаме од сифон до плафон.

 

„Леле, кој ќе пегла, пере, џогира“,

од време немање се жалиме,

а на сечиј пост да се искоментира

до сабајле може да заглавиме.

 

„Моево јаде, прди, кака течно...“

Е добро де, нема заби да вади вечно.

„Аии, немој, мало е за јагоди,

возраста мора добро да се нагоди“.

 

Доволно теми никогаш нема,

да се одржи дискусија и читаност по шема.

Пола од нас на диета се става,

дојде ли викенд, да не си им во глава!

 

Да кажеме сега за секого по нешто,

срочено во овие стихови вешто:

 

Ќе почнам прво од шефица Беатрис,

мајка на малата и слатка А.

Админ строг ни е, контролата ја држи,

ако некој се побуни почнува да ’ржи!

 

АнаМоли е посветена, лојална и вредна,

како неа организаторка нема ни една.

Ф. го израсна лека-полека,

а за Јана уште малку ќе почека.

 

Андрианче на  кафенца и ручечиња си оди,

Андреј ако сака го остава, ако сака го води.

Лабаво и опуштено дружби си дружи,

само здравјето и времето да ја служи.

 

 

Маца е пријателка и другарка мила,

љубовта на Нина и дава ангелски крила.

Често можеш во галерија да ги најдеш,

а кај мама Ј. највкусни кифлички да јадеш.

 

Што да кажам за нашата Натка? (Натушка)

Будуќа и успешна адвокатка.

Уредно во чекор со диетата си оди

и Кико редовно во градинка го води.

 

Луци два месеци платата ја чека,

кога ќе дојде ќе и летне како брза река.

Хербалајф најдобар другар и стана

режимот да го истера и ќе нема маана.

 

Елче за сефте ни дојде,

Се надевам ќе каже

дека убаво си пројде.

 

Икана е нашиот Миле Паника,

Да врати одма на пост си има навика.

Л. го чека, М. си ја чува,

стабилно си стои на каде и да дува.

 

Ципи Рипи часови за кола ќе дава,

којзнае колку ќе ја боли глава.

Д. нејзин има големи обравчиња,

мислиш го храни со колбавчиња.

 

Идам-не идам Миана си прави,

децата организира на кого да ги остави.

Со неа не знаеме до последен час,

дали ќе дојде да се подружи со нас.

 

Џесика милион работни места пројде,

ова да е последно добро ќе и дојде.

По цел ден трпи тортура до гуша,

вести да гледа, спикер да слуша.

 

Фиао со здрава храна се бави

и со новиот апарат важна се прави.

Ангелина се спрема во градинка да ја прати,

па кај Лени за работа да се фати.

 

Темјана се бунеше, нејќела да дојде,

како може вегетаријанец со месо да си пројде?

Ако навистина зезне и вечерва ја нема,

строфава ќе ја тргнам од Рингерајскава шема.

 
 

Мила28 често на форум не дружи,

сака на сите совети да ни пружи.

Никот го смислила за својата ќерка мила,

но наместо тоа дошол Ф. којшто и дава сила.

 

Ех, женчиња мои, се надевам ви се допадна,

верувам песнава за секого се совпадна.

Ако некој се лути нека ме даде на суд

или нека го цени овој мој труд.

 

Ајде сега сите една здравица да рснеме,

да мавнеме по една и мезенце да кснеме.

Да опстои Рингераја уште многу години,

да израснеме деца, да нижеме спомени.

 

Вируси и бактерии вечерва баталете,

дојдовте, Ден на жената сега славете!

 

 

 За моите пријателки- Рингерајки,

Искрено ваша,

Џесика РР

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4
Мамо, живеј ми уште долго, долго...
Мамо, живеј ми уште долго, долго. Јас не знам како е кога нема да го слушнам твојот глас, не знам како е без твојата куј...
4
Подготовки за првиот училишен ден
Првиот училишен ден е возбудлив момент не само за првачињата, туку и за нивните родители.
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?