|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што треба да научат децата на 10-годишна возраст?

Редакција Рингераја, 26.4.2021
Воспитувањето на децата е исклучително важно, а за да прерасне детето во нормална и праведна личност, треба уште од мали нозе да се учат на вистинските вредности.Еве неколку лекции што родителите треба да ги научат своите деца на возраст од 10 год.

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

1. Нема разлика меѓу луѓето

Без оглед на полот, возраста, националноста, бојата на кожата и финансиската состојба, секој треба да биде третиран убаво и почитуван. Треба да се однесуваме кон другите како што би сакале тие да се однесуваат кон нас.


2. Не плаши се да направиш грешка

Учењето преку сопствените грешки е составен дел од животот, и нема ништо лошо во тоа. Никој во светот не е совршен и сите прават грешки, затоа не треба да се доживува трагично, туку да се работи за да се осигури дека грешката нема да се повтори


3. Не прави го она што не сакаш заради нечие одобрување

Децата често мислат дека популарноста меѓу врсниците е една од најважните работи, па затоа прават се за да ја придобијат. Сепак, тие треба да знаат дека работите како искреноста и почитувањето се многу поважни од тоа и отколку да бараат туѓо одобрување што често не е важно.


4. Биди секогаш подготвен/а да се одбраниш

Се разбира, важно е да се почитуваат другите, но исто така е важно да се брани својата позиција и да не им се дозволува на другите да ве експлоатираат. Детето не смее да се чувствува несигурно, но да знае дека неговото мислење е ценето. 


5. Грижи се за животната средина

Почитувањето на природата е исто толку важно како и почитувањето на другите луѓе. Родителите треба да бидат пример што децата ќе го следат во текот на нивниот живот. Загадувањето на животната средина, кршењето гранки и уништувањето на цвеќето никогаш не смеат да бидат одобрени.


6.Знаењето е поважно од оценките

Ова е исклучително важна лекција за учениците. Децата треба да знаат дека оценката не е секогаш одраз на знаењето и дека знаењето е многу поважно од оценката.


7. Ако не разбираш нешто, слободно прашај

Поставувањето прашања и љубопитноста треба да се охрабруваат уште од најрана возраст. Секогаш е подобро да поставиме прашање ако не разбираме нешто, отколку да се преправаме дека сè ни е јасно. Така, само знаењето се негира.


8. Во ред е да се каже не

Важно е детето да знае да им каже „не“ на врсниците, возрасните, па дури и на родителите кога тој одговор е соодветен. Градењето силен карактер и личност е важно затоа што тогаш ќе биде потешко детето да биде изманипулирано. Оваа лекција ќе ни се најде кога ќе порасне.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога детето треба правилно да ги изговара ...
„Дали е нормално моето дете сe уште да не го изговара правилно Р?“ или „Кога треба да престане да ги меша буквите?“.
5
Избираме најубава творба: Андреј Николовски
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати наставничката на Андреј...
4
Детето е настинато, а не знае да си го изд...
Настинката кај малите деца секогаш знае да биде вистински предизвик, особено кога тие сe уште не научиле самостојно да с...
3
МЕНСА препорачува: пуштете ги децата да ск...
Др. Ранко Рајовиќ, член на Управниот одбор на MENSA International препорачува: пуштете ги децата да се вртат додека им е...
3




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете:

Мајчино млеко. (0%)

Млеко во прав. (0%)

Кравјо млеко. (0%)

Растително млеко (соино, овесно..). (0%)


Број на сите гласови: 0

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!