vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Таму на Булеварот,
покрај дрворед од липи ,
родното гнездо ми се свило,
секое ливче е чувар на спомени,
себично и одговорно спомен скрило.
Тие липи се уште таму.
Таму е и родното гнездо.
А јас, јас не сум веќе,
во друго гнездо припаѓам,
почестена креаторка на иднината,
но не покрај липите, туку на друго место.
Минувам некогаш,
го слушам шумолот на липиниот лист,
нивниот шумлив глас го разбирам,
и мирисот на жолтиот цвет го познавам.
Одеднаш шумолот и мирисот
споменот го претвораат во слика,
слика која создава чувство на спокој,
слика, која ме прави силна.
Ќе шумолат и ќе мирисаат тие липи
уште долго, долго
ќе кријат уште многу спомени и тајни,
ќе предизвикуваат насмевки на усни ,
ќе предизвикаат и дози на таги,
таги за минати времиња,
на новите генерации спомени
а спомените темели на она што е сега
и на она што во иднина ќе биде.
К.Н 24.06.2020год.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како да препознаете дека сте навистина заљубени?
Заљубеноста може да биде едно од најубавите чувства, но понекогаш е те...
Што е страв и зошто е важен за нашиот опстанок?
Стравот е една од основните човечки емоции и природна реакција на орга...
Како постепено да го намалите кафето пред бременост?
Ако планирате бременост, една од навиките на кои вреди да обрнете вним...
Што всушност претставува дебелината?
Дебелината не е само прашање на изгледот или бројката што ја покажува ...
Лажно позитивен тест за бременост
Позитивниот тест за бременост најчесто е причина за голема радост, но ...