Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Првиот училишен ден е возбудлив момент не само за првачињата, туку и за нивните родители. Возбудата околу овој ден е последица на позитивни и не толку позитивни мисли и чувства. Големиот чекор кој го прави Вашето дете, чекорот со кој почнува да го бара и гради своето место во општеството е неверојатно искуство за секоја мајка и татко. Несомнено, со овие силни чувства, секогаш оди и чувството на загриженост. Училиштето е место каде што детето нема да биде под постојан надзор на возрасен чевек и ако детето не е психички подготвено за оваа промена, може да го доведе до стрес и конфузија.
Како да го подготвиме психички детето за првиот училишен ден
Најдобра подготовка е детето да посетува предучилишна група, која се наоѓа во училиштата. Така ќе се надмине границата на безгрижниот живот, исполнет со игри, со училишните обврски, пишувањето на домашни и почитувањето на одредена дисциплина.
Не ги покажувајте Вашите стравови
Секој родител се плаши не само како ќе се снајде детето во новата средина, туку и како ќе биде прифатено од неговите соученици. Кога родителите покажуваат страв, истиот го впиваат и нивните деца. На овој начин тие исто така се загрижени за овој ден, наместо да се радуваат, а тоа доведува до повлекување на детето, па дури и недостаток на комуникација со соучениците. Така детето паѓа во изолација.
Како да го натераме детето да се радува на првиот училишен ден?
Подготовките за првиот училишен ден треба да бидат радосен момент за детето. Тоа ќе се случи ако постојано разговарате со Вашето прваче, ако му зборувате убаво за тоа што му претстои и дека се гордеете со него затоа што порасна. Психолозите тврдат дека кога детето чувствува радост заради првиот училишен ден, тоа ќе се одрази и на неговите идни, позитивни успеси во училиште.
Заборавете ги финансиските грижи
Едно прваче, или воопшто еден ученик, исклучително го оптоварува семејниот буџет, Сепак, обидете се овие материјални грижи да не ги пласирате пред детето, бидејќи тоа треба да го смета првиот училишен ден како радосен момент, а не како товар или тежина на родителите. Ви препорачуваме да не го користиме изразот “Немаме пари” , или “Не можиме да си дозволиме” кога на детето ќе му се допадне нешто, туку да му објасните дека тоа нешто во моментот не му е потребно.
Двајцата родители на првиот училишен ден
Многу е позитивно кога и двајцата родители ќе го придружуваат детето на првиот училишен ден. Ова ќе помогне за поттикнување на неговата самодоверба. Не ги испраќајте бабите во придружба на детето во овој важен ден, бидејќи секогаш ќе жалите што не сте биле на овој ден со Вашето дете.
забава Бремените
Автор: bobik
Огледалото – важна играчка за бебињата
Малото огледало е повеќе од обична играчка за бебињата. Тоа е еден од ...
Калциум и витаминот D за бремени жени
Бременоста е период кога телото на жената не само што создава нов живо...
Кожата е најголемиот орган на телото и првата линија на одбрана против...
Кардио vs. тежински тренинг за слабеење
Кога станува збор за слабеење, една од најчестите дилеми е: дали е по...
Кога ќе ми се познае бременоста?
Едно од првите прашања што многу жени си го поставуваат веднаш по пози...