|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси - Самовиленд

Марина Кљајиќ Петковски, 13.2.2023
На Инстаграм забележавме еден многу интересен и уникатен профил - Самовиленд.Во продолжение ви го пренесуваме разговорот со Татјана, креаторката на истиот

image
/11


 

”Јас сум Татјана Спасовска, 38 годишна сопруга, мајка, дипломиран турколог со 13 години искуство како предавач на турски и англиски јазик, инструкторка по ориентални танци, голема љубителка на музика, готвење, пеење, природа, животни... Главно хоби ми е моделеирање и шиење." - вели за себе таа. 

Рингераја: Сопственичка сте на мал бизнис, кој нуди уникатни производи, рачно изработени. 

Како се роди приказната за Samovilend?

Татјана: Водечка мотивација, се уште ми е слободата која ја наоѓам кога креирам и моделирам. Затоа, ова што го работам ми е хоби кое има потенцијал да прерасне во нешто поинакво. Samovilend е приказна која што се разви сосема спонтано. Долг период наназад изработував накит и украси, минијатури од полимерна глина, од дрво и други материјали, а во последно време креативноста ја насочив кон изработка на минијатурни самовили. Секоја од нив има своја приказна и порака. Вљубеничка сум во природата, па речиси с? што изработувам, го правам со реупотреба на материјали. Така, самовилите носат и додадена вредност и порака за заштита на природата.

Опсесијата со крилца ја имам уште од детството. Отсекогаш бев воодушевена од крилјата на разни инсекти и птици, па инспирирана од нив ги изработував од различни материјали и им давав по некоја самовилска карактеристика. Оттука името Самовиленд ми дојде многу природно и логично.

 

 

Рингераја: Кога ја забележавте креативноста во вас? Што беше пресудно за да започнете со оваа работа? 

Татјана: Креативноста ја негувам уште од дете. Од мала имав дарба и порив да правам нешто, да креирам, да творам. Пред 15тина години, од љубопитност и, веројатно, носталгија кон детството си купив пакување пластелин за деца. Тогаш сфатив дека имам дарба за моделирање, па почнав да работам со полимерна глина. Претежно правев накит за себе и за пријателите и значително се усовршив како што одминуваше времето. Позитивните критики и поддршка од пријателите, како и слободата што ја чувствувам кога креирам, се пресудни за одлуката да направам страна на социјалните мрежи, па можеби за некоја година и нешто повеќе.

Рингераја: Што содржи вашата понуда?

Татјана: Освен малите куклички самовили, креирам и многу други уникатни нешта: обетки, ланчиња, привезоци, венчиња, украси, каиши, костими за танцување, букмаркери, картички… Немам ограничувања, листата ќе продолжи да се шири. Мојата понуда содржи уникатен и оригинален производ, изработен со многу љубов и внимание.

Рингераја: Каков е процесот на изработка и колку време ви одзема? Кои материјали ги користите? 

Татјана: Процесот започнува со идеја, потоа следува скица, комбинација на бои и материјали и нормално, фоткање на производот. Користам секакви материјали: дрво, текстил (најчесто, реупотреба на стари парчиња облека), жици, хартија,  полимерна глина, конци за везење и сл. Времето потребно за изработка на производот зависи од комплексноста и големината на истиот, како и од другите обврски во текот на денот. Може да варира од еден ден до еден месец. 

 

 

Рингераја: Како изгледа изработка на една минијатура? Работите според моменталната инспирација или по конкретна нарачка? 

Татјана: Секоја изработка прво чека на моментот на инспирација, па потоа она што веќе го објаснив како процес. Ретко се задоволувам со првиот обид. Никогаш не се задоволувам со добро, кога знам дека можам и подобро. Работам и по нарачка, а многу често, моите изработки се креирани  по моментална инспирација. Најголем проблем ми е што денот е премногу кус за да направам с? што сакам, особено  кога ќе ми тргне добро, а морам да оставам за утре.

Рингераја: Претставувам, работата ви претставува задоволство. Дали е секогаш така или понекогаш има и по некој предизвик? 

Татјана: 99% од времето е задоволство. Единствен случај кога добивам фрустрација при некоја изработка е немањето доволно време да се посветам, а знам дека можам подобро.

Рингераја: Што ве инспирира?  

Татјана: Буквално с?. Ама дефинитивно најголема инспирација ми е природата, животните, ќерка ми, детските приказни и илустрации и сe што е поврзано со крилца.

Рингераја: Каде е вашето катче за работа и на кој начин стигнувате до потрошувачите? 

Татјана: Моето работно катче е едно мало и шарено ќоше во мојот дом кадешто ги поминувам најубавите моменти од денот. 

Нарачките ги добивам по препорака – некој видел мое дело, му се допаднало и сака нешто слично, па така ме контактираат. 

Не сум консумерист и не гледам на луѓето како на потрошувачи, туку како на луѓе кои препознале уникатна креација која сакаат да ја подарат на драги луѓе. Исто така, сe уште не го гледам и развивам ова како бизнис, можеби во иднина, но тука ќе е потребно поинаку да се посветам.

Рингераја: Какво е чувството кога ќе добиете позитивен фидбек од потрошувачите? 

Татјана: Возбудливо и мотивирачко. Особено кога ќе измамам насмевка на лицето на некоја  возрасна личност. Во тој момент чувствувам како да сум допрела до детето во нив. 

Рингераја:  Парчињата накит се посебни и уникатни. Опишете ни го процесот од идеја до краен производ.

Татјана: Последниве неколку години најмногу инспирација добивам од прошетките во природа. После секоја шумска авантура, торбичката ми е полна со подароци од природата: шишарки, јатки од ореви, напуштени куќарки од полжави, интересни ливчиња, скршени гранчиња, коишто подоцна ќе ги искористам за да реализирам некоја моја идеја.  Со себе редовно носам книга во која ставам по некое шумско и ливадско цвеќе, кое го пресувам, го сушам, го вметнувам во некоја изработка и на тој начин го овековечувам. И идејата за самовилите ја добивам токму тука, во природата. Понекогаш, кога поминувам покрај некое интересно дрво, цвет, грмушка, имам чувство дека таму се крие некоја самовила, па ја замислувам како изгледа, каква е нејзината приказна, која е нејзината мисија. Така се раѓа инспирацијата за нова самовила.

Благодарност до Татјана за издвоеното време. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Се ожени најпосакуваниот ерген Дејан Лилиќ!
Сакаш ли да ти бидам маж? - и поставил прашање Дејан Лилиќ на својата девојка Љубица. ДА - одговорила таа. Девојки, Деја...
4
Интервју со Бени Шаќири: Редовно менувам п...
Бени Шакири помалку спие, но вистински ужива во улогата на татко, која ја има веќе еден месец. Во ова интервју, тој откр...
4
На кафе кај Соња Смилевска
Дека никогаш не е доцна за остварување на соништата, пример е Соња Смилевска, која во своите пензионерски денови напиша ...
4
6 совети за убавина за време на бременоста
За време на бременоста, телото претрпува многу промени. Ова секогаш влијае на кожата, што бара промена на вашите дневни ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?