vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Во минатото паркетот беше масовно употребуван, а денеска ламинатот добива на значење и дел од пазарот. Со зголемувањето на популарноста на ламинатот, луѓето често пати се прашуваат што да изберат.
Ламинат. Конкуренција на популарниот паркет. Достапен е во многу дизајни и симулации на изглед на дрво (најчесто), камен и други природни шари. Површината на ламинатот е поиздржлива во однос на избледување, влага и оставање флеки, но недостатокот е што лесно се гребе, а тешко или невозможно е да се поправат изгребаните делови, за разлика од паркетот. Ламинатот е лесен за одржување и чистење, а исто така има долг век на траење. Ламинатите не се чувствителни на Сонце. Многу производители нудат гаранција од 5, 10, па дури и над 20 години доколку физички не се оштети. Ламинатите се лесни за инсталација.
Паркет. Инсталацијата е долготраен процес во повеќе фази и потребна е интензивна работа. Откако првично ќе се намести по потребни процедури, потребно е финиширање со брусење и лакирање. Кај чистењето потребна е претпазливост да не се оштети лакот од хемикалии за чистење. На пазарот постојат специјални средства за чистење и полирање на паркет. Паркетот доколку се изгребе постои можност за лесна поправка со брусење и повторно лакирање. Паркетите се чувствителни на сонце, т.е со долготрајна изложеност на силни сончеви зраци може да дојде до избледување и промена во изгледот. Најголем непријател на паркетите е влагата па затоа треба да се внимава паркетот да биде секогаш сув. Исто така не се прапорачува инсталација на паркет во простории со висок процент на влага. Паркетите придонесуваат за вредноста на домот. Имено, оние домови кои се со паркет се продаваат побрзо од оние со други видови на под. Што се однесува до декорот, паркетот се вклопува и во традиционалниот и во модерниот дизајн.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Чести причини за будење навечер кај децата
Ноќното будење е многу често кај бебињата и малите деца. Некои деца се...
Како да го пронајдете вашиот реален ден на овулација?
Овулацијата не се случува секогаш на истиот ден од циклусот. ...
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за ...
Безбедно разладување на просторија каде што спие бебето
Во топлите летни денови, високите температури можат да бидат непријатн...
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...