|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Храната Ве одржува млади!

Редакција Рингераја, 28.3.2015
Ако се придржувате кон основните совети за продукти со здрави состојки , можете да изгледате помлади – една, две, три, па и десет години.

image
Здрава храна
/11


 

 

Општо е познато дека правилната исхрана со помалку шеќери и маснотии може да Ви помогне во задржувањето на витата линија и беспрекорното здравје. Но уште поважно е тоа дека со внимателно избирање на продуктите може природно да се забави процесот на стареење. Ако се придржувате кон основните совети за продукти со здрави состојки , можете да изгледате помлади – една, две, три , па и десет години.

 

Четири овошни оброци дневно...

Јагодите, јаболката, грејпфрутот, и портокалите се богати со флавоноиди, материи што подмладуваат. Кивито е одличен извор на витаминот Ц, грејпфрутот е богат со антиоксиданси. Ако можете јадете го овошјето со кората бидејќи во неа се сите хранливи материи. Исцеденото овошје нема толку влакна како целиот плод. Оваа навика може да ве подмлади за половина година. Практикувајте ја!!!

 

Лошите продукти заменете ги со добри

Наместо путер, маргарин или обично масло, користете го маслиновото масло добиено со процес на ладно цедење. Бисквитите заменете ги со овошје, сокот од портокал со цел портокал ,млечното чоколадо со црно чоколадо, а чипсот со лешници. Доколку тоа Ви премине во навика, ќе се подмладите за 10 години.

 

Риба три пати неделно

Речиси сите видови риба се богати со омега-3 масни киселини, кои го намалуваат нивото на холестеролот во крвта и ја стабилизираат работата и функцијата на срцето, а со тоа се намалува и ризикот од инфаркт. Протеините и омега -3 масните киселини добро влијаат на кожата и на ткивото на градите  и ја намалуваат опасноста од рак, зајакнувајќи го имунолошкиот систем.

Најдобри риби се лососот, пастрмката, туна , скуша, сардина. Морате да изедете повеќе од 375 грама риба неделно. Тоа сигурно ќе Ве подмлади за 2 години.

 

Повеќе оброци

Некои луѓе сметаат дека изгладнувањето е најдобар начин за да се намали вишокот на килограми, не јадат ништо по цел ден, па навечер немилосрдно му се нафрлаат на фрижидерот. Доколку не го снабдувате организмот со доволна количина на храна , тој ќе почне да се брани така што љубоморно ќе ги чува резервите на енергија во вид на мрсно ткиво. Покрај тоа ќе почувствувате желба за слатка и мрсна храна. Затоа јадете умерено, но повеќе пати дневно за да го одржите нивото на метаболизмот и не го прескокнувајте појадокот. Одржувањето на нормалната телесна тежина ќе Ве подмлади за 5 години.

 

Најздравиот противник

Ако сакате да го зачувате своето здравје, јадете интегрални житарки, протеини (најдобро риба) и прости масти, како маслиново масло, затоа што тие благопријатно влијаат на организмот и согорувањето на оние лоши сложени масти од животинско потекло. Интегралниот леб или оној од сончоглед е поздрав од кроасаните и сличните печива од рафинирано, бело брашно или лиснато тесто. Покрај тоа, интегралните продукти побрзо и повеќе заситуваат. Ова е најдобриот начин за регулирање на телесната тежина. Консумирањето на интегралните житарки  Ве подмладува од 4-5 години.

 

Што помалку маснотии

Внесувањето маснотии во Вашиот организам би требало да биде ограничено на 25% од вкупното количество дневни калории,значи околу 60 грама. Од тоа 25 грама не смеат да бидат сложени , заситени масти (ги има во продуктите од животинско потекло).Заситените масти директно се поврзани со стареењето на артериите и слабеењето на имунолошкиот систем со што се предизвикува рак. Намалете го консумирањето на месни производи и предност дајте му на белото месо. Одрекувањето од месо подмладува за 6 години.

 

Важни антиоксиданси

Храната од билно потекло е богата со антиоксиданси, кои го штитат телото од негативни влијанија  на слободните радикали. Истражувањата покажуваат дека максималното внесување од 30 милиграми  антиоксиданси дневно го забавува процесот на стареењето. Најбогати извори на антиоксиданси се:кромид, зелен чај,јагоди, броколи,целер, домати, јаболка, лук, грејпфрути црвено вино. Тоа ќе Ве подмлади за 3 години.

 

Хранете се разновидно

Вашето идеално мени би требало да содржи леб од интегрални житарки, овошје (3-4) плода дневно , свеж или варен зеленчук (3 пати на ден), риба и месо од живина ( еднаш дневно), млечни производи (2 пати дневно ). Доколку вашето секојдневно мени изгледа вака, ќе се подмладите за 4 години.

 

Не го прескокнувајте појадокот

Истражувањата покажаа дека луѓето кои секогаш појадуваат се помалку скромни кон прејадување. Никој точно не знае како редовниот појадок помага во одржувањето на младешкиот изглед , но веројатно оние што појадуваат , посебно житарки , го будат организмот со витамини и минерали. Навиката на редовно појадување ќе Ве подмлади за 1.5 година.

 

Јаткасто овошје-25 грама дневно

Лешниците се богати со незаситени масти и помагаат против срцеви болести и создаваат холестерол, како и негово таложење на ѕидовите на артериите. Тие се одличен извор на селен, минерали, антиоксиданси, кои го штитат телото од слободните радикали, го зајакнуваат имунолошкиот систем и го штитат организмот од тумори. Лешниците исто така се богати со протеини и витамин Е , но содржат и магнезиум и цинк. Покрај тоа што овие материи можеме да ги најдеме во лешниците , нив можеме да ги најдеме и во бадемите, кикиритките и ф'стациите. Но, внимателно затоа што алергијата од јаткастото овошје е значително раширена. Грицкањето јаткасто овошје Ве подмладува за 1 година.

 

Ниту еден ден без влакнеста храна

Влакната го регулираат метаболизмот, варењето и нивото на гликоза во крвта. Најмногу ги има во житарките како злобените, јачменовите и пченичните снегулките , како и во мешунките. Но со влакна се богати и зелената салата и ротквата. Ако ги јадете за појадок постои помала веројатност да бидете неиздржливо гладни попладне. Консумирањето храна богата со влакна подмладува за 3 години.

 

Слатките го забрзуваат процесот на стареењето

Во продавница прескокнете го делот со слатките и побарајте го делот за здрава храна. Уживањето во јадењето на слатките може да ве остари за 2 до 3 години.

 

Што повеќе зеленчук

Со само 50 до 20 калории зеленчукот помага при намалување на телесната тежина. Особено здрав и корисен зеленчук се доматите, компирот, лукот, аспарагусот, кељот, печурките, пиперките.

Зеленчукот со светла боја, како тиквичките, морковот...содржи каротин, а пак лисестиот зеленчук е богат со витамини од Б-групата кои се важни за размена на материите во организмот. Секојдневно јадете зеленчук и тоа со помалку масло. Ваквата исхрана ја помага апсорпцијата и на другите хранливи материи. Тоа ќе Ве подмлади од 3 до 6 години.

 

Читајте ги етикетите

При купување на производите, задолжително читајте ги етикетите, колкава е содржината на мрснотиите, шеќерот, солта и другите  состојќи. Тоа е особено важно кај јаглехидратите.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
4
Јаглехидрати и нивниот гликемиски индекс
Јаглехидратите се основа во исхраната на секој човек. Нивната секојдневна употреба изнесува околу 55% од вкупната кол...
3
Дали НЕКОГАШ ќе станат мајки?
10 познати личности кои се веќе повеќе од доволно возрасни и зрели да имаат деца. Дали планираат и која од нив ќе биде ...
3
По Загреб и Белград...Елементал вo Скопје!
На 17 март 2012 со почеток во 23 часот, во клубот Хавана во Скопје фановите на хрватскиот рап состав Елементал ќе можат ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?