Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Рингераја.мк
Важиш за ретко искрена и секогаш директна личност. Инфлуенсерите кај нас рекламираат мода, а ти покрај тоа го користиш своето влијание да помогнеш на многу девојки и на теми на кои другите никогаш не би се осмелиле. Какви беа реакциите на јавноста кога најави дека јавно ќе говориш на тема спонтан абортус?
Миа Костова
Искрено, не очекував дека ќе има фидбек иако првиот лајв кој самите фоловери го наметнаа на тема анксиозност ми беше доволен да размислам дека лајф стајл инфлуенсер не е оној кој само препорачува гардероба, накит и шминка. Ми беше јасно дека платформата може да се користи покрај се ова погоре и за многу поконструктивни теми. Не велам дека не ми е приоритетна работа инстаграмот, велам дека се она што ќе го видат кај мене има содржина зад која што стојам со две раце. Тргнав од анксиозност и панични напади, кои што ги имам, продолжив со спонтан абортус кој сум го поминала на два пати ама сфатив дека е длабока тема и ми треба поддршка од стручно лице. Така испадна идејата за лајв со Др. Ирена Гошева од One Hospital Тетово.
Рингераја.мк
Кажа дека си имала два спонтани абортуси. Како успеа да го надминеш тој тежок период?
Миа Костова
Многу бев млада ама и покрај тоа ми се рушеше светот. Денес не се ни сеќавам на тоа откако го имам Андрија жив и здрав, ама памтам дека барав одговори кои тешко ги добивав. Бев убедена дека ќе се помачам да станам мајка. Испадна дека воопшто не е така. После пет год следуваше бременост како по книга со бебе од скоро 4 ипол кила.
Рингераја.мк
Со какви стравови се соочи во својата бременост? Дали бременоста се водеше како нормална или ризична?
Миа Костова
Паметам само дека во првите три месеци на 10 мин одев во тоалет да видам дали сум прокрварела.... Тоа никогаш не се случи... фала Богу. Бременоста ми се водеше како нормална, дури ми ги прекинаа суплементите зошто качував килажа. Совршена бременост на улица би рекла.
Рингераја.мк
Збор два за твојата работа и твојата улога на мајка. Дали Андрија е свесен дека има славна мајка? Како го прифаќа тоа дека мама има поразлична работа од мајките на неговите соученици?
Миа Костова
Мислам дека сум од оној тип на мајки кои се праведни, би рекла. Строга кога треба, гушкам и галам кога треба. Глупаво е да зборувам за себе ама Андрија е дете од соништата. Воспитан, кроток, многу примерен и послушен. Околу популарноста, искрено долго време ја негираше, ама често му се случуваше да го викнат на улица по име и некако почна да се помирува со тоа дека мама има малку поинаква работа од другите мајки. Сега се слика и позира без проблем. :)
Рингераја.мк
Дали и со какви предрасуди се соочуваш во секојдневниот живот?
Миа Костова
За да се соочуваш со предрасуди, треба да те допираат. Мене не ме допира ништо кога ќе го видам успехот кој се должи само на мене и среќата на моето дете кое е живо и здраво.
Рингераја.мк
Дали би променила нешто на себе?
Миа Костова
Килажа, често ако имам магично стапче. Инаку реално, би си ја променила својата прекритична психа и она што ме држи будна кога не сум задоволна од себе си.
Рингераја.мк
Доколку ти се укаже шанса за блескава кариера во странство, дали би ја прифатила?
Миа Костова
Ова прашање е во право време. Денес да, порано ми било удобно тука. Сега веќе ми станува тесно. Така да, би размислила сериозно....
Рингераја.мк
Зошто баш др Ирена за лајв?
Миа Костова
Ирена излезе сосема случајно, некако коцките секогаш ми се поклопуваат. Седнав со др. Ирена веднаш после веста дека другарка ми имаше спонтан. Така тргна приказната за лајв, така и ќе продолжи ако следачите го сакаат тоа.
Следете ја @miandrija вечерва (четврток 18.06) во 21 часот live со Др. Ирена Гошева од One Hospital Тетово на Инстаграм на тема спонтан абортус
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Make a step: Линија за проодување
Daumling знае дека детските стапала не се само мали верзии на стапалат...
Избор на вистинските чевли за првите чекори
Првите детски обувки се многу важни за правилниот развој на стапалата ...
Daumling детски чевли со Terra-Care кожа
Германскиот специјалист за производство на детски чевли Daumling отсек...
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
Симптоми на породување.
пеперутка16
Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?