|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Новогодишни кекси (Gingerbread cookies)

Редакција Рингераја, 19.12.2012
Рингераја Ви го открива рецептот за светски познатите Новогодишни кекси Gingerbread cookies

image
/71


 

Овие меки и мирисни кекси се декоративни, но и многу вкусни. Во нивната подготовка и украсување ќе ужива целото семејство.

 

Потребно е (за околу 40 кекси):

1 јајце

750 гр. брашно

230 мл. меласа (може да ставите и мед)

220 гр. жолт шеќер

200 гр. путер

120 мл. вода

1 прашок за пециво

1 лажичка мелен ѓумбир

1/2 лажичка мелен цимет

1/2 лажичка рендано мускатно оревче

1/4 лажичка мелено каранфилче

неколку капки арома од ванила

 

За украсување

 

2 белки

250 гр. шеќер во прав

сок од половина лимон

прехранбена боја


 

Подготовка:

1. Брашното измешајте го добро со прашокот за пециво, ѓумбирот, циметот, оревчето и каранфилчето. Со миксер изматете го путерот, меласата, шеќерот, водата јајцата и неколкуте капки ванила. Полека додајте ја смесата од брашно и замесете тесто.

2. Добиеното тесто поделете го на три дела и секој дел завиткајте го во фолија. Оставете го во фрижидер 3 часа (може и подолго).

3. На работната маса ставете повеќе брашно и развлечете го тестото. Со калапи направете колачи и ставајте ги во плех обложен со хартија за печење. Напомена: Со брашно посипете го и тестото, оклагијата и калапите за да не Ви се залепи тестото.

4. Кексите печете ги на температура од 175 степени. Внимавајте да не бидат препечени бидејќи се повкусни кога се меки.

5. Пред украсување треба добро да се изладат.

 

Украсување:

Изматете ги белките и додадете им го шеќерот во прав и сокот од лимон. Разделете ја смесата и на секој дел додајте ја саканата боја. Ставете ја смесата во кесичка за замрзнување, одсечете мал отвор и украсете ги изладените кекси. За украсување може да користите прехранбени панделки и други украси.

 

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Среќна Нова 2019 година!
Ниту еден ден од годината не вплетува во нашите мисли толку многу желби за нови почетоци и успеси, за позитивни промени ...
5
На кафе кај Соња Смилевска
Дека никогаш не е доцна за остварување на соништата, пример е Соња Смилевска, која во своите пензионерски денови напиша ...
4
Витамин Е – „витамин на убавината“
Витаминот Е се нарекува и „витамин на убавината“, бидејќи ги поттикнува бројните хемиски реакции во организмот, кои ја п...
3
Најнови make-up трендови за есен 2015
Од модните писти оваа есен издвоивме неколку топ трендови за шминка. Време е летните сенки во живи бои да ги замениме со...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?