vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Новата диета на Кејт Мидлтон вклучува само сирова храна. Прехранбениот режим е доста екстремен. Целта не е само симнувањето на килограми. Кејт Мидлтон барала режим кој ќе и ги заздрави косата и ноктите и ќе и помогне на нејзината кожа да светне.
Основниот принцип на диетите со сирова храна се дека 75% од менито е од сирова храна, а останатите 25% - термички обработена. Самата Кејт сепак ја избрала потешката варијанта на диетата - 100% сирово мени.
Освен придобивките за добрата фигура, сировата храна е богата со хранливи материи кои ја подобруваат здравствената состојба. Ако храната поминува низ процес на термичка обработка, има едно основно правило - температурата за обработка не треба да биде над 47 степени. Во спротивно се уништуваат корисните ензими во храната.
За кого не е препорачлива сировата исхрана?
Сировата исхрана не е препорачливо за бремени и доилки. Децата и постарите лица исто така не треба да се подложат на оваа диета. Ризик постои и за луѓето кои страдаат од анемија.
Менито на Кејт Мидлтон
Војвотката од Кембриџ најмногу сака да јаде севиче - специјалитет од Латинска Америка. Овој специјалитет се состои од сирова риба, маринирана во сок од лимон или лимета и зачини. Соодветен додаток кон овој специјалитет е парче свежо авокадо. Други омилени јадења на Кејт Мидлтон се сушени гоџи бери овошје и табуле. Војвотката често јаде и газпачо. Меѓу омилените пијалоци на Кејт Мидлтон спаѓа кокосовото млеко. Кејт Мидлтон се придржува кон строгата сирова диета минимум еден ден неделно.
-79519-500x0.jpg?1403612192126)
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Како да знам дека дошло до оплодување?
Многу жени кои се обидуваат да забременат со нетрпение ги очекуваат пр...
Како да го контролирате апетитот за време на терапија?
Одредени терапии можат да влијаат врз апетитот, предизвикувајќи зголем...
Први чекори кога бременоста не доаѓа
Кога посакуваната бременост не се случува веднаш, многу парови чувству...
Како да го подготвите првото дете за доаѓањето на бебе?
Доаѓањето на нов член во семејството е возбудлив момент, но за првото ...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?