|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Не сакам, не може, не давам...

Редакција Рингераја, 13.9.2011
Една фаза во детскиот развој се вика – фаза на негативизам, бидејќи тогаш детскиот негативен став е најизразен.

image
/11


 

Секое дете расте поминувајќи низ бројни фази на развојот. Во секоја од нив може да очекувате одреден степен на инаетење, пркосење, отпор кон Вас. Впрочем, една фаза во детскиот развој се вика – фаза на негативизам, бидејќи тогаш детскиот негативен став е најизразен.

Фазата на негативизам е очекувана меѓу втората и третата година од животот на детето. Индивидуалните разлики се големи, па во зависност од когнитивниот и емоционалниот развој, кај некои деца може да се јави порано, а кај некои подоцна. Секако, постојат и деца кај кои оваа фаза е потполно незабележлива, па изгледа како да ја немаат.

Фазата на негативизам е резултат на детското сознание дека се единки со сопствена волја и дека нивниот збор има сила. Детето на тој начин сака да предизвика реакции кај возрасните, пред се кај родителите, за кои е несвесно поврзано и кои ги доживува како семоќни и сезнајни авторитети и примери. Затоа на децата им е најголем предизвик да произведат некаква реакција кај нив. Најчест збор во детскиот речник станува НЕ, што се манифестира како во вербалниот говор (“Не сакам да го направам тоа, не сакам да јадам, не сакам да спијам, не сакам да ги соберам играчките, не давам...”), така и во невербалното изразување (детето ќе му заврти грб на соговорникот.)

 

Искуството пред рамноправноста

Зошто е фазата на негативизам е толку напорна за родителите?

Детето на оваа возраст е полно со информации за надворешниот свет, но со недостаток на лично искуство. Тоа согледува дека и неговиот збор има некакво влијание на Вас, па несвесно се обидува да ги испита границите на неговата моќ кај Вас, како и границите на Вашата толеранција. Меѓутоа, токму заради недостатокот на лично искуство, Ваша задача е да процените кога нешто може да дозволите, а кога не. На пример, ако Вашата ќерка ги налакирала ноктите во различни бои, тоа може да изгледа смешно, но не е опасно по нејзиното здравје, ниту по нејзината безбедност. Во таа смисла, може да и дозволите такво однесување.

Меѓутоа, за се она за што детето нема лично искуство, а претставува одреден ризик, морате Вие да го надоместите. Така на пример, летна облека во зимско време – колку и да инсистира детето, тоа не смее да се дозволи, бидејќи претставува ризик од разболување. Во одредувањето на овие граници на дозволено и недозволено, Вие никогаш не сте рамноправни со детето. Вашето искуство мора да пресуди и оттука Вашиот збор е поважен.

Иако фазата на негативизам е честа и нормална во развојот на секое дете, од Вашата реакција ќе зависи колку ќе трае и колку бурно ќе се манифестира.

 

Физичко казнување

Физичкото казнување, навредите, потценувањето и уценувањето на детето – не помагаат. Иако за многу родители ова е многу тежок период, многу е важно да не ги изгубите нервите. Со физичко казнување ќе успеете да запрете некое однесување, но тоа е само привремено. Имено, детето ќе престане да се однесува така плашејќи се од Вашата казна, а не затоа што некоја лекција ја сфатило, запаметило и научило да ја применува. Казната “Time-out” или игнорирањето е доволна казна за оваа возраст.

 

Игнорирање

Не попуштајте пред нападите на бес. Ако еднаш попуштите, сте дале зелено светло детето да добива се' што сака со таквото однесување. Иако е многу полесно да се каже, отколку да се направи, обидете се да го игнорирате негативното однесување. Детето со своето однесување Ве провоцира, а токму од Вашата реакција ќе зависи колку често ќе го прави тоа и понатаму. Кога ќе увиди дека со плачење, молење, напади на бес, или со хистерични испади, нема да го добие тоа што намислило, ќе добие порака дека мора да пронајде друг модел за остварување на своите цели. Сепак, за Вашето однесување да не се претвори во грубо казнување на детето (сетете се дека детето не е виновно што поминува низ оваа фаза), кога се ќе заврши пријдете му и прегрнете го. Тогаш можете да му кажете:”Навистина те сакам и многу ми е важно што со тебе можам да се договорам, сакаш ли сега да се обидеме заедно......? ” и понудете му го тоа што до пред малку го негираше.

 

Држете се до своите приоритети

Не е можно во секој момент да се биде доследен родител, но обидете се да се држите до Вашите приоритети. Ако Вашата ќерка при одење во градинка инсистира да облече летни чевли по снег, наместо веднаш да ја одбиете, понудете и некој компромис, на пример – да ги носи во занималната во градинката, или да ги носи кога ќе се врати дома. Од друга страна, околу некои работи нема да дозволите да се преговара, или да се бараат компромиси (извршување на хигиенските навики, држење за рака додека се преминува улица, спречување да се качува на отворен прозорец и др.)

 

Сослушајте го детето

На децата понекогаш им е поважно да го изговорат своето НЕ, отколку така и да се однесуваат. Лесно може да се случи детето да каже НЕ, а да се однесува во смисла на ДА. Покажете му дека го слушнавте и разбравте. Ако некој негов аргумент е оправдан, уважете го. На пример, ако детето Ве замоли да останете уште малку во паркот, зошто не би му излегле во пресрет, ако сте во можност да ја исполните неговата желба? Истовремено, детето ќе добие јасна порака дека преку разговор со Вас може да ја постигне саканата цел, пред да почне да се инаети и да Ви контрира. Потрудете се секој конфликт да го решавате со разговор.

 

Вашето “не и немој”

Еден ден обидете се да изброите колку пати на детето сте му рекле некакво: “Немој”, почнувајќи од: “Немој да го правиш тоа”, преку “Немој да бидеш досаден/на”. Затоа преобразете ги Вашите негативни реченици во позитивни. На пример наместо:

  • “Немој да ги фрлаш играчките” – речете – “Среди ги своите играчки”
  • “Немој да ја преминуваш улицата трчајќи” – речете “Премини ја улицата полека”
  • “Не викај” - речете“Те молам зборувај потивко”

 

Поддршка и пофалба

Кога детето ќе успее на нов начин, без бес и контрирање да реши некоја ситуација – пофалете го. Така му покажувате дека разбирате дека вложило труд за да го промени своето однесување и дека така сакате да се однесува и понатаму. Вербалната поддршка значи многу, како за продлабочување на Вашиот однос, така и за надминување на оваа фаза од развојот. Речете му “Одлично изреагира кога...”, “Многу бев горда на тебе бидејќи...” . Исто така, важно е да го прегрнете бидејќи со тоа му пренесувате чувство на разбирање и топлина.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
5
Немирно дете = интелигентно и бистро дете?
Верувам дека сосема малото дете гледа нешто повеќе и подалеку од возрасниот човек. Понекогаш изгледа дека тоа не ги глед...
4
Храна и пијалоци кои содржат арсен
Водата и почвата, за жал, често се полнат со секакви отровни материи. Индустријата остава трајни наслаги од штетни хемик...
4
Како детето станува “мал тиранин”?
Детето може да биде насилно кон пожртвуваната мајка, бидејќи никогаш не се сретнало со нејзините граници – не знае што с...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?