Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Минатата недела мојот син имаше два тантруми во јавност.
Тој е на возраст од две години.
Во текот на првиот тантрум беше во неговата количка и држеше некои мали фигури кои се надевав дека ќе му го задржат вниманието. Но одеднаш ги фрли во еден голем куп лисја, а јас клекнав на колена да ги барам. Додека клечев и барав во огромниот куп лисја, син ми доби многу лош тантрум и надалеку се слушаше неговото врескање. Во тој момент и јас викнав: “Доста ми е од вакви изливи на бес!”. Тогаш, магично се појави едно семејство до нас.
“Се е во ред?” прашаа со тажно лице.
“Се е во ред, само обичен детски тантрум” – реков.
Жената клекна на колена пред количката на син ми и почна да зборува со лигав глас:
“Еј другарче, што е проблемот?”
“Ние ќе ви помогнеме да ги најдете” рекоа и клекнаа на колена. Просторот стана тесен, а мојот син вриштеше уште повеќе. Тие дури не ни знаеја што бараат. Овие луѓе не ми помагаа, само уште повеќе станував нервозна. Згора на тоа, зборуваа со толку лигав глас, како да ми велат. “Во ред си мајко? Ти треба тајм аут?!”
Најдов две фигури, а третата ја најдов заглавена во количката на син ми и викнав: “Ги најдов!” – со други зборови, можете да си одите.
“Каде беше последното?” – сакаше да знае таткото.
“Во количката” – реков.
“Секогаш на последното место на кое ќе побарате, нели?”
Хмм. Ова не ми помогна.
Син ми беше исто така во количката за време на вториот тантрум во јавност. Ако сакате да знаете каков беше тантрумот, обидете се да не му ја купите на детето омилената играчка. Количката за малку ќе се превртеше, додека детето се обидуваше да ја земе играчката. Додека се обидував да го спречам превртувањето на количката, детето турна повеќе играчки од рафтот. Сите во продавницата гледаа во нас. Го извадов детето од количката, количката на склопив и тргнав кон излезот, додека детето вриштеше како лудо по играчката.
На пат кон дома, вриштеше како некој да го коле. Изговорив неколку смирувачки реченици, но немав среќа да го смирам син ми. Тогаш една двојка која поминуваше покрај нас, застана и почна да зјапа во нас.
Застанав и јас. Реков со стиснати заби:
“Тој. Има. Тантрум.”
“Гледам, рече жената. Треба да го извадите од количката, сака да оди.” Само ги занишаа главите, како да ја видоа најлошата мајка на свет и заминаа. Не, тоа не е она што му треба. Тој не сака да оди. Се што ни треба е да стигнеме дома, да се одмориме и да прочитаме приказна. Сакате да знаете од каде знам?! Знам бидејќи сум му мајка. Го знам. Знам зошто плаче.
Знаете што? Со тоа што ќе застанете, ќе гледате со чудење во нас и ќе прашате дали е се ОК, обидувајќи се да помогнете со лигав глас, давајќи совети и забелешки, тоа не ни помага.
Ако видите дете на околу две години, кое има тантрум и мислите дека треба да интервенирате, мислам дека правилен начин да го направите тоа е да и се обратите на мајката со глас кој не осудува. Не ме осудувајте. Не ме гледајте попреку. Не си замислувајте дека со еден шепот можете лесно да го решите проблемот, кој не може да го реши неговата родена мајка.
На кратко – не разговарајте со мајките чии деца имаат тантрум во јавност!
забава Бремените
Автор: bobik
Кога моето бебе може да преноќи без мене?
Првото разделување преку ноќ со бебето може да биде емоционално и за р...
Вековната дилема конечно добива подлабоко објаснување. Дали пилешкото ...
Избегнувајте ги овие 2 пијалаци
Нашето тело е прецизен хормонски механизам. Секојдневните избори кои г...
Татковци во првите месеци, нивната улога и емоции
Кога се зборува за новороденчиња, фокусот речиси секогаш паѓа на мајка...
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.