Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Кога ќе го сретнеме синот на некоја своја пријателка, или малиот сосед, а баш силно сакаме да му дадеме комплимент, тоа оди вака: Ау колку си пораснал голем! Колку имаш години, одиш на училиште? Да! Верувам дека си многу паметен! И тренираш карате? Сигурно си најдобар, нели? Нели си и многу храбар?
Дали се пронајдовте во оваа секојдневна ситуација?
Што всушност сакаме да кажеме со тоа? Дека момчињата се паметни, големи, храбри, па со комплиментите ги поттикнуваме да бидат уште попаметни, подобри и похрабри, а девојчињата? Само да бидат поубави? Што тогаш девојчињата ќе помислат? Сите деца како сунѓер ги впиваат разговорите на возрасните и потоа секако сами донесуваат заклучок од виденото и доживеаното. Значи, девојчињата е најважно да бидат убави? Тоа всушност го наметнуваат возрасните.
На училиште е друга приказна – таму се пофалува и се куди знаењето и вештините на секој ученик поединечно. Во градинката децата се пофалуваат кога ќе направат нешто убаво и тоа колективно, без разлика на полот.
Но тогаш пак ќе се најде некоја тетка, соседка или пријателка на баба и мама – Леле колку си само убава! И сите добри задачи, научени песнички и цртежи паѓаат во вода, бидејќи единствено важно е да се биде убава.
Заради тоа драги мајки, кои имате ќерки, оставете ги бабите, пријателките и сосетките да коментираат што сакаат, но секогаш бидете подготвени да се надоврзете со другите добри страни на вашата ќерка. Дајте им до знаење дека убавината е споредна работа, а учењето, добрите оценки, бројните пријателства, спортските достигнувања е она што ги прави луѓето големи и среќни. Убавината, шминката, убавите чизми се само оклоп на нивното преубаво битие.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто спиењето е толку важно во бременоста?
Спиењето е една од најважните потреби за време на бременоста. ...
Болки во бременоста, што е нормално, а што не?
Бременоста носи бројни промени во телото, па затоа е сосема очекувано ...
Личниот пример е најмоќната родителска лекција
Децата не учат само од тоа што им се кажува, туку многу повеќе од тоа ...
Хормонални циклуси и дебелеење
Многу жени забележуваат промени во телесната тежина во различни период...
Дијабетес, како да го препознаете и лекувате?
Дијабетесот е хронично заболување при кое организмот не може правилно ...