|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Физичкото казнување не е ниту подобро, ниту полошо од било кое друго средство.
Клучни зборови:

image
/11


Во најново време, за да се надмине овој лош обичај на родителите им се советува секое добро однесување на своето дете да биде наградено. Многу од психолозите со ова не се сложуваат, бидејќи тоа нема да промени ништо за постигнување на целта, односно желбата детето да направи одредена работа од која родителите ќе бидат задоволни, не водејќи сметка дали детето тоа го направило доброволно или без волја.

 

И на најстрогите воспитувачи, отсекогаш им било јасно дека детето кое што се предава во се и кое “слепо” е послушно, никогаш нема да стане самостојна личност.

 

Затоа родителите треба победата да ја препуштаат на детето, а не на себе. Тоа значи дека детето може да го прави она што го сака, а родителите не треба да го корегираат неговото однесување. Ова е случај на т.н антиавторитетно  воспитување.

 

И во двата наведени случаи на воспитување постојат работи кои не се на место. Во последниот случај детето е преокупирано со разбирање за возрасниот, а во првиот случај – возрасната личност е преокупирана со разбирање за детето.

 

Воспитувањето кое се сведува на меѓусебна борба на возрасните, односно родителите и децата никогаш нема права насока, па дури ни тогаш кога родителот од таа борба излегува како победник. Бидејќи наша цел е да го воспитаме нашето дете да го прави она што е добро и правилно според секој од нас, и тоа не затоа што ние така сакаме, туку затоа што детето треба така да прави. Дури и тогаш кога ние не сме присатни, било што да прави детето не смее тоа да биде поради стравот од казна или поради надеж дека ќе добие награда, туку како самоконтрола.

 

Тоа успева само кај она воспитување каде што нема борба , каде што нема победник или победен. Кога ќе се најдете во ситуација детето да не го прави она што вие сте му го кажале, тогаш запрашајте се за причината – сигурно постои. Оние родители кои со помош или без помош на детето ќе се потрудат да ја пронајдат таа причина, може многу да се изненадат. На пример, можеби детето не разбрало добро што се бара од него; можеби не е во состојба (не е доволно способно или зрело) за да направи одредена работа која вие ја барате од него (со 1,5 година да седне само на нокшир); може да се случи на детето да му треба уште малку време или помош за да го изведе она што се очекува од него. Многу често се случува, на малку постарите дечиња, да не сакаат да направат нешто поради стравот од исмејување на возрасните.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

План: Како да ја спречиш мама да ја преспи...
Дали сте мајка која е уморна? Прочитајте ја оваа статија. Гарантираме насмевка и кај лошо-наспиените и депримирани родит...
6
Розеола во претшколска возраст
Розеола е акутна болест на доенчиња и мали деца што е проследена со висока температура и осип на кожата
4
Исхрана на дете со аутизам
Познато е дека децата со аутизам се доста пребирливи кога е храната во прашање, но ниту телото не може да се бори против...
4
Децата и животните: Пријателство што учи, ...
Врската меѓу децата и животните отсекогаш предизвикувала посебни емоции. Еден поглед на куче што со радост трча кон свое...
3




Анкета

Капење бебе.
пеперутка16

Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)