vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Сите на големо се радуваат на Новогодишните празници, меѓу останатото и заради подароците кои тогаш се добиваат. Иако тогаш главното внимание е насочено на најмалите, една мајка направила список на желби за себе. Била сурово искрена и еве што напишала.
“Веќе неколку седмици децата ме прашуваат што сакам да добијам за Нова Година. Мојот одговор е како и обично – не ми треба ништо, само сакам децата да ми се здрави и среќни.
Меѓутоа, тие во главно се добри и без оглед на тоа колку им велам да се трошат непотребно, тие ќе одделат пари и ќе ми купат некоја ситница, како ноќница или некој кујнски предмет. Ќе бидам многу благодарна, бидејќи знам дека го направиле тоа затоа што ме сакаат.
Но финтата е во тоа што...всушност лажам. Не сакам само децата да бидат среќни и здрави. Секако дека тоа ми е прва желба и најважно нешто на светот, но постојат уште неколку работи за кои буквално сонувам. Заради тоа размислувам оваа година на своето семејство да му доставам список со желби.
- Сакам да гледам телевиозиска емисија која нема петстотини пати да биде прекинувана од реклами за детергенти, тампони и средства кои ја зголемуваат потенцијата.
- Сакам сите заедно да ручамње и вечераме за да не морам да ја поставувам и кревам масата петстотини пати.
- Сакам секој од нив да ја излиже лажицата од еурокрем или џем, пред да ја стави во мијалникот.
- Не сакам во нашиот дом да се пцуе, да се споменува насилство и да се гледаат реални шоуа.
- Сакам трпезариска маса без никакви трошки и остатоци од храна.
- Сакам во автомобилот повеќе да не наоѓам остатоци од помфрит, чипс и смоки.
- Сакам сите чорапи на овој свет (ако ништо друго, барем во мојата куќа) да ја најдат сами својата сродна душа и својата друга половина.
- Сакам конечно да се наспијам како човек.
- Сакам некој друг да го храни и шета кучето.
- Сакам со кафето да седнам на компјутер макар пет минути пред некој да викне Мамоооо.
- Сакам секогаш од прва да ги најдувам ножичките, моливот и селотејпот.
- Сакам децата и мажот да заборават како се користи далечинскиот управувач.
Јасно ми е дека повеќето од моите желби нема да се исполнат, но на крајот на краиштата, барем знам дека ќе добијам ноќница или некој кујнски апарат. И тоа е сосема во ред, бидејќи знам дека доаѓа со љубов. Ако малку подобро размислам, добро би било да добијам ноќница, бидејќи оваа која ја имам е излитена и стара неколку години!”
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Што е нарушување на овулацијата?
Овулацијата е моментот кога јајникот ослободува зрела јајце клетка. ...
Како да изберете пренатален витамин?
Изборот на пренатален витамин може да изгледа едноставно, но полиците ...
Каква улога има возраста при неплодност кај мажите?
Кога се зборува за плодноста, возраста најчесто се поврзува со жените....
Што значи да имате непроодни јајцеводи?
Кога се зборува за неплодност, еден од поимите со кои може да се сретн...
Дали „детокс диетите“ навистина помагаат за плодност?
На интернет често се појавуваат диети кои ветуваат дека за неколку ден...