|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Патувањето на подолги дестинации е вистински кошмар за родителите, бидејќи е добро познато дека на децата им е тешко да седат подолго време на едно место.
Клучни зборови:

image
/11


Долго патување за некои родители е вистинска ноќна мора, затоа што е познато дека на децата им е многу тешко да седат подолго време на едно место. Заради нивна безбедност мораме да ги ставиме во седиште за во автомобил, што дополнително ја намалува можноста за поместување. Многу е важно седиштето за автомобил да е удобно, за детето да може и да спие во него.

Како го планираме патувањето?

Бидете свесни дека нема потреба да ја понесете „целата куќа“ на одмор. Повеќето од работите денес може да ги купиме каде било и кога било на пат. И перење и пеглање е овозможено во секој хотел, а храната секако е најдобро да се купува по пат. Работите најдобро е да ги спакувате во торби од тенок, мек материјал, затоа што најдобро се прилагодува на ограничениот простор во багажникот. Работите кои сакате да ги имате при рака (храна, јакни, дополнително одело, пелени...) треба да ги спакувате најгоре во торбата за да ви бидат на дофат на рака.

Најдобро време за долги патувања е ноќ, кога детето спие, затоа што така полесно го поднесуваат долгото возење. Тоа е всушност малку понапорно за возачот, но сеуште е полесно отколку „врева“ преку ден. На секои два часа застанете со автомобилот и протегнете се . Доколку патувате денски, земете со себе ќебе за излет и топка, за да може децата малку да си поиграат. За одмарање изберете место со лулашки и слично, како и терен со трева каде што децата ќе може да се истрчаат.

Не заборавајте на лековите кои редовно ги земате, очила за сонце и крема за сончање, како и стандардна „патувачка аптека“. Се советува и употреба на заштита против сонце на прозорите во автомобилот.

За детето за возењето подгответе му сендвичи и сокови, неговите најомилени (по можност тивки) играчки, а можеби и неговата (или својата) омилена музика. Во возењето, ако е некако можно, менувајте се со партнерот, затоа што така е побезбедно, а и двајцата ќе бидете поодморени. Некогаш на патот нема соодветни WC-a, затоа понесете тоалетна хартија и влажни марамчиња.


За децата да не се досадуваат на одмор, обидете се што повеќе да поминете време надвор и вклучете ги во разни игри. Нема никаква потреба, цело време да го поминете заедно и не смеете да имате грижа на совест и да мислите дека заради тоа сте лоши родители. Во повеќето туристички места можете да ги вклучите децата во различни работилници и спортски активности каде што ќе запознаваат врсници, а вие ќе имате малку повеќе време за себе и своето хоби. Мора да бидете и прилагодливи, за да не дојде до лошо расположение кај детето, доколку не се одвива се по план, затоа што обично интересни работи има повеќе отколку што пишува во туристичкиот водич. Никако не го заборавајте фотоапаратот или камерата, за да може да ги снимите своите најубави моменти. Пред се, уживајте!

Неколку совети за пријатно возење:
- децата обично не се воодушевени со седење во седиштето за во автомобил, затоа покрај нив врзете ја и нивната најдрага играчка и на тој начин покажете им дека сите мораме да се врземе со појас (се разбира, врзете се и вие),
- понесете сендвичи, „грицки“ и пиење за детето да се забавува (ви советуваме на задното седиште да ставите пешкир или нешто слично за детето да може да прави што сака, а вие нема да имате проблеми со чистење),
- детето може да има посебна играчка само за автомобил (сликовница, автомобилче и слично),
- секогаш имајте на дофат на раката работи како што се марамици, пелени, вода и слично,
- за подолго возење се советува патување ноќе или рано наутро, затоа што тогаш детето ќе спие и така полесно ќе го поднесе патувањето,
- се препорачува застанување заради одмор, на секои два часа - пробајте да изберете одморалиште со лулашки и слично,
Возењето со авион може да биде многу интересно искуство за постари деца. Тоа возење всушност не се разликува многу од возењето со автомобил. Проблем е единствено подолг лет, затоа што во авионот нема доволно простор за движење. Следат неколку совети за подготовки за патување со авион:
- при купување на картите распрашајте се за седишта за бебе или мало дете- пробајте да добиете седиште кај креветчето кое обично се наоѓа на почетокот на секој дел од авионот (авионите имаат посебни креветчиња за бебиња, а освен тоа може да ве сместат во дел каде што има малку повеќе простор). Некои авио-компании имаат посебни седишта во која можете да го наместите седиштето за во автомобил,
- пробајте да изберете лет кога обично нема претерана гужва, затоа што ќе ви биде поудобно,
- внимателно подгответе ги работите кои ќе ги имате со себе, затоа што личен багаж кој можете да го внесете во авионот не смее да биде преголем,
- на аеродром дојдете порано за мирно да ги завршите сите потребни формалности,
- ако е некако можно, влезете во авионот помеѓу последните патници, затоа што така детето ќе биде помалку време во „гужва“,
- при полетување и слетување на детето понудете му шишенце, сок или мастика, затоа што така полесно ќе ја поднесе промената на воздушниот притисок,
- добро е во торбата да носите и крекери или чипс за грицкање.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правила на безбедност при пливање
Почна сезоната на летни одмори, која е за многу деца највеселиот период од годината. Без оглед дали се капат во езеро, р...
4
12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
4
Каде грешите во воспитувањето на децата?
Децата ги прават истите работи кога се уморни, гладни или едноставно се уморни од се, а игнорирањето на знаците што ви г...
3
Топ 12 родителски трендови во 2022
Како што расте бројот на новата генерација родители, почнуваат да се појавуваат и нови и уникатни трендови во родителств...
3




Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?