Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Рингераја: Од кога датира твојата љубов кон пишувањето?
Ксенија Николова: Таа датира од најмали нозе и сум сигурна дека е безвременска.
Рингераја: Пишуваш поезија, текстови за песни, зад себе имаш 6 книги. Кога започна со пишување и како сфати дека тука 'лежи' книга?
Ксенија Николова:Во уметноста нема форсирање, не можеш да ја прелажеш инспирацијата, таа мора да е искрена, полна со суштина. Таква инспирација кај мене секогаш се случува спонтано, но јас ја провлекувам со отворена душа и срце полно емпатија.
Рингераја: Од каде црпиш инспирација?
Ксенија Николова:Никаде јас не одам со цел да најдам инспирација, но живеам живот со отворени мисли и душа и таа ме наоѓа самата.
Рингераја: Твоите книги освен се читаат кај нас, ја освојуваат светската читателска публика. Со кои издавачки куќи соработуваш? Кои книги се преведени и на кои јазици? Какво е чувството да се биде преведуван автор?
Ксенија Николова:Да, излегувањето надвор од нашите граници беше моја голема желба. Моментално соработувам со “Кингсли паблишерс”, издавачка куќа која ќе го издаде мојот роман “Сите мажи ја сакаат Лиа” на англиски јазик за интернационален пазар, а романот “Емотивен манипулатор” веќе излезе на бугарски јазик под капата на издавачката куќа “Персеи” од Бугарија.Чувството е преубаво не неверојатно мотивирачко. Ова ми даде голем поттик и чувствувам дека градам нешто вистинско, кое луѓето полека го препознаваат.
Рингераја: Како ти изгледа еден вообичаен ден? Како го исполнуваш слободното време? Што читаш? Омилен жанр и автор? Читаш ли македонски aвтори?
Ксенија Николова: Моите зафатени денови се со навистина многу обврски. Работам друга работа од 8 до 4, а потоа се враќам и продолжувам со други обврски. Но, кога сум навистина слободна (што е ретко), тогаш сакам да не правам ништо и да спијам. Така најмногу се одморам, сонот ме лечи. Читам разни жанрови, но најмногу сакам драми. Им се восхитувам на Горан Стефановски и Дејан Дуковски. Исто така, имам преубави импресии и од делата на мојот драг колега и вистински пријател Јован Илиевски. Сакам да читам наши автори.
Рингераја: Дали си активна на социјалните мрежи? Члениваш ли во книжевни групи? Остварува ли комуникација со твоите читатели?
Ксенија Николова: На социјалните мрежи сум секојдневно активна, секојдневно комуницирам со моите читатели и тоа ме радува. Членувам во разни книжевни групи и сум секаде каде што има простор за здрава дискусија за уметноста. Јас сакам да имам комуникација со секој мој читател кој има желба за тоа, и моите читатели тоа го знаат.
Рингераја: Дали тековно работиш на нова книга?
Ксенија Николова: Работам, се предизвикувам, уживам во процесот и молчам за истиот додека трае.
И благодариме на Ксенија за издвоеното време и ? посакуваме многу успеси и во иднина.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?